Нова уредба за наставата во училиштата денеска на Влада
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2020
Денеска Владата ќе ја одржи шестата седница, а освен четвртиот пакет антикризни мерки ќе се носат и некои одлуки за образовниот процес.
Имено на предлог на Министерството за образование, денеска ќе биде разгледана Предлог - уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта. Нема информација за каква уредба станува збор. Владата претходно во вонредната состојба носеше уредби кои имаа законска сила ама тоа беше во услови на вонредна состојба.
Премиерот Зоран Заев во интервју за ЛОкално вели дека инситуциите внимателно ќе ја следат состојбата и доколку се појави потреба, начинот на организирање на наставниот процес ќе се усогласува со новонастанатите ситуации.
Собранието ги измени законите за основно и средно образование со што беше овозможено Владата да носи одлуки за образовниот процес.
Инаку денеска треба да се усвојат протоколи за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година. Потоа ќе се разгледувааат протоколите за ученичките домови, за студентските домови.