26 Април, 2024
0.9535

Нова мобилна апликација „TitanUp” – модерна и ефикасна услуга за купувачите на УСЈЕ

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Унапредување и модернизација, брза и ефикасна услуга во процесот на испорака на производите се дополнителни можности што ги нуди новата мобилна апликација „TitanUp”, која Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја креираше за сите свои купувачи. „TitanUp” апликацијата овозможува нарачките да се реализираат без физички контакт со што купувачите заштедуваат време.

Преку новата мобилна апликација која е достапна на Андроид и ИОС, како и преку интернет страницата на компанијата www.usje.com.mk, корисниците ќе имаат брз и 24-часовен пристап за нарачки, следење на процесот и статусот на испорака, како и проверка на финансиските и материјалните податоци поврзани со нарачките. Освен тоа апликацијата нуди и историски преглед на претходните нарачки, со што е овозможено лесно и едноставно планирање.

„Наша цел е модернизација на нашите услуги со што ќе го зголемиме задоволството на нашите купувачи, но истовремено ќе воведеме нови повисоки стандарди во работењето што ќе го направат целокупниот процес поефикасен и ќе донесат нов развој. Покрај тоа ние постојано се трудиме да го подигнеме нивото на безбедност во сите сегменти од нашиот работен процес, а со оваа апликација им овозможуваме на нашите купувачи да работат непречено и во овие услови кога важат посебни мерки за физичка дистанца за да го спречиме натамошното ширење на вирусот Ковид 19. Ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на нови услуги и на подигнувањето на стандардите во нашето работење, бидејќи искрено веруваме дека само општествено одговорна компанија може да биде успешна“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на УСЈЕ.

Со цел компанијата да придонесе конзаштитата на животната средина со намалување на отпадот од амбалажа, продолжува со техничка поддршка на погоните за готов бетон, овозможувајќи користење на силосите за складирање на цемент без надомест.

Мобилната апликација „TitanUp” дополнително ќе се развива и унапредува и во следниот период. За да ја подобри услугата, УСЈЕ ќе ги земе предвид сите сугестии и забелешки од корисниците и истата ќе биде адаптирана согласно нивните потреби.

УСЈЕ и досега во континуитет ги зема предвид предлозите на корисниците. Последното истражување на задоволството од услугите на компанијата во кое учествуваа 140 корисници, покажа дека тие се задоволни и сметаат дека УСЈЕ е висококвалитетен производител на цемент, кој нуди врвна услуга и близок однос со своите купувачи во насока на успешна соработка.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“