14 Декември, 2025
0.0364

Нова инвестиција на ОКТА за поефикасна контрола и гаранција на квалитетот на горивата

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2024 16:16

Добивај вести на Viber

ОКТА инвестираше во дигитализација на моторите, единствени во државата за испитување на цетански и октански број коишто се наоѓаат во лабораторијата на компанијата.  Ова е прва акредитирана лабораторија за ваков вид испитувања во земјава којашто работи согласно референтни методи дефинирани во највисоките европски, американски и домашни стандарди.

Првиот уред кој доби нов современ дигитален панел е моторот за испитување на квалитетот на дизел горивата, односно за параметарот цетански број.Со дигитализацијата, многу од функциите на овој лабораторски мотор се автоматизираат. На овој начин се намалува можноста од човечка грешка и се овозможува уште попрецизно тестирање и подетална анализа во реално време на процесот и брзината на согорување на дизел горивото, што од друга страна има големо влијание врз севкупните перформанси и безбедноста на моторите во возилата кои користат ваков вид нафтен дериват, но и за животната средина.

Најновата инвестиција во дигитализација на опремата во лабораторијата на ОКТА ја поздравија министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и претставниците на Бирото за метрологија, Институт за акредитација, Царинска лабораторија и други, кои присуствуваа на официјално претставување на првиот дигитализиран лабораториски мотор за испитување на квалитетот на дизел горивата во земјава.

„Со ваквите инвестиции во дигитализација на системот за испитување и контрола, ОКТА ја потврдува својата посветеност и континуирана заложба кон одржување највисок стандард во работењето, особено кога станува збор за квалитетот на горивата што ги нудиме на домашниот но и на останатите извозни пазари во соседството.  Истовремено, на ваков начин придонесуваме и го истакнуваме значењето од постењето на редовна контрола на квалитетот на горивата на сите бензински станици во земјата, што е особено важно за потрошувачите, затоа што квалитетот и количината на горивата која што ја користи нивното возило е од витално значење за моторот, но што е уште поважно е суштински важно за животната средина и намалувањето на загадувањето во целина“, истакна главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос.

Во следната фаза ОКТА планира да го дигитализира и лабораторискиот мотор со кој се вршат испитувања и анализи на квалитетот и перформансите на Еуросупер нафтените деривати, односно за одредување на октанскиот број на бензините.

Во 2006 година, лабораторијата на ОКТА го доби првиот сертификат за акредитација, што ја прави и прва акредитирана лабораторија во земјата. Со својата модерна опрема и  54те акредитирани методи се вршат детални испитувања и анализи на различни типови горива и тоа: Еуросупер бензин со 95, 98 и 100 октани, Еуродизел, екстра лесно гориво за греење, мазут, течен нафтен гас и гориво за авиони на млазен погон.

Заложбите за контрола на квалитетот и количината на горива на бензинските станици со брендот ОКТА, компанијата ги потврдува и со спроведувањето на „Програма Гаранција“ веќе 9 години по ред, преку која се испитува и гарантира квалитетотиколичинатанагориватанабензинскитестаницисобрендот ОКТА. Во рамки на оваа Програма, специјално обучен тим во соработка со Машинскиот Факултет, врши ненајавени и редовни контроли на квалитетот и количината на горивото што се продава во малопродажната мрежа со брендот ОКТА.

Дополнително, во лабораторијата на ОКТА се тестираат и примероци од горива на други увозници, дистрибутери и продавачи на горива од земјава и странство, на производители и увозници на возила, како и за потребите на државните институции, како што се Царинска управа, Државниот пазарен инспекторат и други. 

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија