14 Декември, 2025
0.0527

Нова дигитализација во ОКТА за уште поефикасна контрола на квалитетот на горивата

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2025 09:49

Добивај вести на Viber

ОКТА АД - Скопје продолжува со својата стратешка ориентација кон модернизација и дигитална трансформација, инвестирајќи во автоматизација на лабораториската опрема која е клучна за контролата и гаранцијата на квалитетот на горивата. По дигитализацијата на моторот за испитување и анализа на цетанскиот број на дизелските горива минатата година, лабораторијата го заврши процесот на дигитализација  и автоматизација и на моторот што се користи за испитувања и анализи на квалитетот и перформансите на Еуросупер нафтените деривати, односно за одредување на истражниот октански број на бензините. Со ова лабораторијата на ОКТА ја подигна својата функционалност на уште повисоко ниво.

Станува збор за прецизна, компјутерски управувана опрема, која овозможува поефикасно и поконзистентно мерење на октанскиот број кај бензините, согласно водечките меѓународни стандарди во оваа област. Новиот дигитализиран систем автоматски ги  контролира критичните параметри, како што се соодносот воздух-гориво и времето на палење, со што значително се скратува времето на тестирање а се минимизира можноста за човечка грешка​.

„Со оваа надградба добивме повисок степен на доверливост и конзистентност на резултатите од тестирањата, што е од суштинска важност за нашата компанија, за сите корисници на услугите на нашата лабораторија и се разбира за крајните потрошувачи. Дополнително, дигиталното складирање на податоците ни овозможува едноставна анализа, следење на трендовите и споредба на резултатите со претходни испитувања. Дигитализацијата за проверка и на цетанскиот и на октанскиот број на горивата, ја потврдува амбицијата нашата лабораторија да биде синоним за комплетна и сигурна контрола на квалитетот на горивата кои што се нудат на пазарите каде што ОКТА функционира“,изјави Евгенија Димоска - Менаџер на инспекциска контрола во ОКТААД - Скопје.

Двата дигитализирани мотори, за проверка на квалитетот и на дизелот и на бензинот, се дел од првата акредитирана лабораторија во земјава за ваков тип испитувања, која работи според највисоки европски и американски стандарди.

Oваа инвестиција е уште една потврда за заложбите на ОКТА кон одржување највисок стандард во работењето а особено кога станува збор за редовна контрола на квалитетот на горивата на сите бензински станици во земјата, што е исклучително важно за потрошувачите и придонесува за заштитата на животната средина и намалувањето на загадувањето во целина. Токму таква редовна контрола на квалитетот и количината на гориво на бензинските станици со брендот ОКТА, компанијата спроведува цели 10 години во континуитет, преку специјализираната програма - Гаранција ОКТА.

Освен горивата кои што компанијата ги дистрибуира на домашниот и регионалните пазари, во лабораторијата на ОКТА се тестираат и примероци од горива на други увозници, дистрибутери и продавачи на горива од земјава и странство, на производители и увозници на возила, како и за потребите на државните институции, како што се Царинска управа, Државниот пазарен инспекторат и други. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија