НОВ ПРОБЛЕМ ЗА СРБИЈА: Азербејџан им ја прекинува испораката на гас
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2025 14:09
Азербејџан ја прекинува испораката на гас за Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска добил известување од Азербејџан дека Србија повеќе не може да смета на 1,7 милиони кубни метри гас што пристигнувале секој ден.
„Сега испадна дека сме биле паметни да собереме резерви. Се надевам дека ќе го средат ова за месец или два. Ако не, очекувајте дека во следните четири месеци ќе треба да ги дополниме и потрошиме резервите. Нема да има недостиг на гас или нафта. Како што гледате, лошите вести никогаш не доаѓаат сами“, изјави Вучиќ.
По средбата со американскиот заменик државен секретар за менаџмент и ресурси Ричард Верма во Белград, Вучиќ изјави дека Србија денеска многу посериозно ќе почне да ги користи своите резерви.
САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија(НИС).
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“




