03 Мај, 2024
1.1599

Нов кандидат за член на НО Атлантик Група искусен менаџер од светски глас

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

На главното собрание на Атлантик Група која ќе се одржи на 16. јуни акционерите на компанијата ќе гласаат за избор на нов член на Надзорниот одбор. Станува збор за Jean Louis Yvon Gourbinu, менаџер со меѓународна репутација. Богатото работно искуство го стекнал преку 40 години работа на раководни функции во индустријата со производи за широка употреба и секторот за земјоделие во Европа, Северна Америка, Латинска Америка, во азиско- пцифичкоит регион, Блискиот Исток и Суб – Сахарна Африка, а поголемиот дел од кариерата – повеќе од 15 години, ја поминал во компанијата Kellogg.

Jean Louis Yvon Gourbin je, пред кариерата во Kellogg, работел во маркетинг и продажба наKronenbourga, водечка компанија за производство на пиво, потоа во La Maison du Café, водечка компанија за мелено кафе, за потоа да ја продолжи својата кариера во француската компанија Ralston Purina, за производство на храна за куќни миленици. 1983. година се приклучил кон компанијата Kellogg во Франција како Директор за маркетинг и продажба, потоа како генерален директор во Франција и Бенелукс, по што станал Претседател на Управата на Kellogg во канада, потоа Генерален директор на Kellogg во Австралија и Нов Зеланд, како и Претседател на Kellogg за азико – пацифичкиот регион со седиште во Сиднеј.Во септември 1998. се враќа во Европа, и е именуван за Претседател на Kellogg за Европа со седиште во Манчестер и е промовиран на местото Потпретседател на Група. 1999. година се приклучил кон Danone групата на функција претседател на Дивизија за кекси и закуски, и на функцијата член на извршен одбор на групата . 2004. година се приклучува кон Bunge, една од трите светски лидери во земјоделската индустрија и станува Претседател на Управа за Европа, Блиски Исток и Африка со седиште во Женева. Исто така бил и Претседател и член на Управа на ZT Kruszwica S.A. (Полска) и Koninklijke Bunge B.V.(Холандија).

Во мај 2012. година Jean Louis Yvon Gourbin се пензионира и ангажира во проекти на кои би можел да им помогне со своето богато работно искуство. Се приклучил кон Надзорниот Одбор на компанијата Desmet Ballestra (индустриски инженеринг) и здружението “The Friends” Kasalaga чиај мисија е да изгради и управува со работата на основното и стручното училиште во селото Kasalaga во Уганда. 2016. година станал партнер на швајцарската телевизија со цел за изработка на програма за промовирање на младите швајцарски претприемачи. Со приклучување кон НО на Атлантик Група Jean Louis Yvon Gourbin исто така може да даде вреден придонес со своето богато работно искуство стекнато со истакната стручна работа во подрачјето на работење со роба за широка потрошувачка, стратешко управување, маркетинг, како и спојување и превземање.

Досегашната членка на Надзорниот одбор Ведрана Јелушиќ Кашиќ при отстапување од НО на Атлантик Група која стапува на сила на 15 јуни 2016. коментирала: „Во тек ан последните пет години Атлантик Група покажа способност не само за постигнување на корпоративен успех, туку и допринесе за јакнење на прехрамбениот ланец на интеграција на мали и средни компании во својот состав на работењето . Сигурна сум дека Атлантик Група ќе продолжи со иновациите во пазарното натпреварување, континуирано унапредувајќи сеи така отворајќи го патот го следат другите компании.“

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија