05 Декември, 2025
0.0711

Нов извештај на ММФ: Македонскиот БДП во минус од 4 проценти, буџетскиот дефицит ќе расте

Објавено во: Економија 22 Април, 2020 07:14

Добивај вести на Viber

Пад на македонската економија од четири проценти предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во последниот редовен извештај за земјава по т.н. Артикл 4. Ова е ревизија на стапката на раст за 7,5 процентни поени споредено со последниот извештај издаден во јануари годинава. ММФ смета дека клучна причина за ова е запирањето на економската активност поради Ковид-19, а дополнителен проблем е евентуалното прелевање на глобалната рецесија кон земјава. 

„Се очекува приватната потрошувачка да падне бидејќи приходот од расположливиот доход паѓа под притисок во услови на зголемена невработеност, падот на трошењата за патувања, угостителство и забавата кои се намалени заради регулаторните ограничувања. Приватните инвестиции, исто така, ќе доживеат негативен раст, бидејќи плановите се одложени кон крајот на годината, а се предвидува дека извозот да опаѓа, бидејќи европската автомобилска индустрија престанува со производство. Фискалната позиција се очекува да се влоши. Со мерките за ограничување, остро ќе се намалат профитите на фирмите, вработеноста и потрошувачката, создавајќи значителни недостатоци на приходите во однос на буџетските износи. Во исто време, трошењето за здравството, како и невработеноста и социјалните придобивки, најверојатно, ќе биде повисоко од буџетскиот план, стои во извештајот.

ММФ смета дека буџетскиот дефицит ќе се зголеми на 6,5 проценти од БДП во 2020 година пред да се намали на околу 3 проценти во 2021 година.  Во отсуство на дополнително надворешно финансирање, покриеноста на резервите би паднала, а би се намалиле и дознаките и падот на приливот на странски директни инвестиции. 

ММФ нведува дека Владата и Народната банка презеле мерки за ублажување на последиците од кризата од Ковид-19 што е добро. Се тврди дека банките се стабилни. 

Експертите на Фондот потенцираат дека Македонија доби 176 милиони евра од ММФ но дека ќе бидат потребни уште дополнителни над 200 милиони евра.

„Властите брзо одговорија со насочена и привремена поддршка за фискална политика да се ограничат социјалните и економските влијанија на здравствената вонредна состојба со заштита на ликвидноста на компаниите, зачувување работни места и обезбедување социјална грижа за невработените и ранливи домаќинства. Во меѓувреме, Народната банка на Република Северна Македонија ја намали основната камата за да се охрабрат банките да ги реструктуираат долговите. Властите исто така изразија силна посветеност, откако Ковид-19 кризата заврши, за обнова на фискалните тампони и спроведување на структурните реформи за да се зачува одржливоста на долговите и да се забрза приближувањето на приходите кон тие на Европската унија.Фондот е подготвен да ја поддржи Северна Македонија за борба против пандемијата и да помогне економијата да се опорави, изјави Мао Занг, заменик директор.

Александра Томиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?