НМК НАЛЕПНИЦА ЗА 50 ДЕНАРИ: Неколку продавници во Чаир наголемо ги продаваат
Објавено во: Финансии, Македонија 14 Февруари, 2024
Откако се створи невидена гужва на техничките прегледи за граѓаните да добијат НМК налепница на табличките, некои од продавниците во Чаир кои продаваат претежно делови за автомобили, во својата понуда имаат и налепници, и тоа по цена од 50 денари.
Екипата на Фактор вчера попладне лично се увери во тоа. Возачи застануваа и си купуваа налепници, кои ги има за предни и задни таблички, што значи за двете треба да се плати 100 денари.
На прашањето зошто ги купуваат кога државата ги дава бесплатно, сите ни одговорија дека не сакаат да се гужваат и да чекаат во ред и оти им е полесно на овој начин да си завршат работа.