ЊУЈОРК ИМА НОВ ЗАКОН - ГОЈАЗНИТЕ, ВИСОКИТЕ ИЛИ НИСКИТЕ НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ДИСКРИМИНИРАНИ: Тоа не смее да влијае на вработувањето
Објавено во: Економија 28 Мај, 2023 18:54
Луѓето кои се со
прекумерна тежина, високи или ниски во Њујорк ќе бидат заштитени од
дискриминација врз основа на тие карактеристики според законот потпишан од
градоначалникот Ерик Адамс, мерка за која нејзините предлагачи се надеваат дека
ќе биде спроведена и во други градови, пренесуваат американските медиуми.
Законот, воведен од градскиот советник Шон Абро, предвидува забрана на дискриминација врз основа на висина и тежина на работното место, како и во пристапот до јавно и приватно сместување.
„Не треба да е важно колку сте високи или тешки. Кога барате работа, се обидувате да најдете некаков вид на домување или изнајмувате стан, не треба да се однесуваат поинаку со вас“, рече Адамс, пренесува CBS News.
Законот стапува во сила за шест месеци и ги надополнува веќе постоечките мерки за заштита од дискриминација по основа на раса, вера, боја на кожа, национално потекло и пол.
ФОТО: UnsplashМожеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




