30 Април, 2024
0.0269

Ниски банкарски камати: Можат ли да одат уште подолу?

Објавено во: Економија 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во постојан пад во последните дестина години е основната камата или каматата по која Народната банка продава благајнички записи кои ги купуваат банките. Минатата недела централната банка објави дека повторно ја намалува оваа камата и таа сега изнесува 2,25 проценти. Сепак не многу одамна оваа стапка беше доста повисока, а имаше години кога каматата беше и двоцифрена. Постојаното олабавување на монетарната политика се должи на околности во домашната економија кои се позитивни. Сепак таа е клучен сигнал и за креирањето на каматната политика на банките. Таа во најголема мера треба да влијае на намалување на каматите на кредитите и на депозитите. Но дали е тоа навистина така? Експертите сметаат дека во последниот период сме сведоци на постојано намалување на каматите, но дека тоа не е соодветниот одговор на сигналите на НБМ.

Слична политика имаше и на меѓународно ниво, но во западните земји каматите беа навистина ниски, дури и негативни.

Според статистиката на Народната банка, за прв пат, каматата на благајничките записи падна под три процентни поени во јули лани, кога централната банка ја намали од три на 2,75 проценти. Од тогаш наваму ја намалуваше во неколку наврати и сега е 2,25 проценти поени. 

Пред четири години или во 2015 година основната камата беше 3,25 проценти или за еден процентен поен повеќе што е повисоко за дури 30 отсто од сега. Каматите на кредитите сепак, во 2015 година на годишно ниво беше 6,14 проценти, а на крајот на 2018 година е 4,87 во просек. Тоа е намалување за 20 отсто. Каматите на депозитите падна од 1,74 процентни поени на 1,42 отсто. 

Инаку експертите велат дека Македонија е земја во која периодот на ниски камати на кредитите не беше баш во целосна смисла на зборот, затоа што на пример, за минусите и за кредитните картички се наплатуваа високи камати цело време.

Анализа на каматата на благајнилчките записи покажува дека стапката беше двоцифрена во 2004 година кога изнесуваше 10 проценти. Толку изнесуваше и во 2005 година.

Во годините претходно каматата беше и повисока.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година