08 Мај, 2024
0.0267

Николовски: Имаме проект за потекло на имот на сите функционери во изминатите 30 години

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Потпретседателот и носител на изборна единица 4, Александар Николоски од посета во општина Прилеп изјави дека во нивната програма „Обнова на Македонија“ сериозно ќе се посветат на зачувување на македонското национално достоинство, понатаму силен економски развој во Македонија дури и во вакви услови на корона криза, со зголемување на просечните плати за 25 проценти, пензиите во просек за 20 проценти, а најниските пензии и многу повеќе од тоа. 

Вети рекордно ниско ниво на даноци од само 8 проценти, дополнително привлекување на странски и домашни инвестиции кои што запреа во овие три години, силна битка со организираниот криминал и корупција и проект за потекло на имот на сите функционери, политичари и останатите јавни функционери во изминатите 30 години. 

Николоски го повика претседателот на СДСМ, Зоран  Заев да одговори пред македонската јавност дали може да го докаже потеклото на своето богатство, но и богатството на неговото семејство.

„Сакам јавно да го повика Зоран Заев наместо да се заканува во напад на очај заради резултатите кој што и тој ги гледа и енергијата што стига, да одговори пред македонската јавност дали е спремен да покаже и докаже дека може да одговори од каде потекнува неговото богатство и богатството на неговото семејство, кое што во овие 18 години колку вкупно до денес Зоран Заев е на јавна функција стана најбогато семејство на Балканот“ – рече тој.

Тој рече и дека  СДСМ во 2019 година донеле закон штетен за тутунарите од прилепско, бидејќи со законот за тутун се дозволувало узвоз на тутун пред да се откупи домашниот тутун.

Можеби ќе ве интересира

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат