НИКОЛОСКИ: Oд следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024 20:28
Можно е да се воведе градски воз во Скопје.
Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз. Како што кажа, можно е да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина пред крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
„Можеме да размислуваме за воведување на таканаречен градски воз во рамки на градот Скопје. Постојната железничка инфраструктура во градот Скопје е релативно добра и ќе овозможи да се искористи и граѓаните за точно определено време да може да стигнуваат на пример од Драчево до Скопје. Тоа може да почне уште од следната сезона и може да се направи цел железнички прстен околу Скопје, особено со населбите од кои луѓето имаат сега сериозен проблем да дојдат до центарот на градот. На тој начин ќе можат брзо да дојдат до центарот и за тоа ќе можат да се искористат возовите кои се купија на крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски во интервју за ТВ Сител.
За изградбата на пругата од Куманово до Деве Баир рече дека веднаш може да гарантира дека ќе се реализираат првите две фази.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




