Николоски го обвини Пендаровски дека се поклонил пред лажна плоча во Прохор Пчињски
Објавено во: Македонија 11 Август, 2022 18:58
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го нарече шефот на државата, Стево Пендаровски лажна величина поради отстранувањето на плочата посветена на првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски во Србија.
Вели дека тоа е потврда дека се работи за најголемата измама и за најголемата фасада на македонската политичка сцена.
„Стево Пендаровски со голема помпа во јавноста велеше дека се враќа прославата во Прохор Пчински, притоа излажа и не кажа дека последно тоа се случи во 2009 година, туку велеше дека се случило многу порано“, рече Николоски.
Тој додаде дека претседателот се поклонил пред лажна плоча.
Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот Св. Прохор Пчињски за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, одговорија од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




