Никола Димитров на интерпелација: Мене ме обвинувате за тоа што Бугарија не го почитува договорот
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2021 12:09
Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, на денешното барање за негова интерпелација на седницата во Собранието рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните пандани во Бугарија звучат исто кога го обвинуваат.
- Таму велат дека сум поопасен од корона-вурусот, човек кој ги ослабнува бугарските позиции, човек кој го одбил понудениот анекс. Потписниците се обрзани да помогнат, а не да го блокираат нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното. Од неевропското однесување на соседот не требаше да правите дневно-политички перформанс. Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Таква беше лагата за Данска и Холандија, рече Димитров.
Вицепремиерот ги нарече поднесувачите на интерпелација „лажни патриоти“ кои имагинарно ги прославуваат „дипломатските порази“ и дека немаат елементарно познавање на процесите, а при тоа подвлече дека извештаите за „заробена држава“ се претвориле во извештаи за „светол пример“
- Зошто сум обвинет? Затоа што не испорачав преговори по секоја цена. Мене ме обвинувате што Бугарија го прекрши членот 2 од договорот, каде што се обврза да ни помага во евроинтеграциите, рече претходно поранешниот министер за надворешни работи.
Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно од собраниската говорница рече дека во договорот за добрососедство немало гаранции дека Бугарија нема да не блокира на патот кон ЕУ
- За мене не е проблем што Македонија не почнува преговори, туку живото стагнира и оди надолу. Дали ова е сценарио на власта за да нема контролни механизми и притисок? Одкако изби аферата „Рекет “, Зоран Заев немал билатерална средба со премиер на западна земја, претходно кажа Николовски.
Односите со Бугарија и закочените евроинтеграции се причина за уште едно барање за интерпелација на Никола Димитров, овој пат како вицепремиер за европски прашања. Во изминатите три и пол години тој преживеа две интерпелација, но како министер за надворешни работи.
Опозицијата уште при крајот на минатата година му поднесе интерпелација забележувајќи му дека покажал непочитување кон Собранието и не реферирал за односите со Бугарија и дека ја довел во заблуда јавноста со тоа што тврдел дека Македонија има одлука за старт на преговорите со Европската унија.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




