23 Април, 2024
0.0245

Никола (20) од Штип преживеа долга реанимација: Докторите направија чудо и го спасија

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Никола Тимов од Штип има само 20 години, а поради заболување на белите дробови преживеал вистинска борба за својот живот. Битката ја доби во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и сега се чувствува добро. „Во јануари следната година ќе славам прв роденден“, вели Никола зборувајќи за моментите кога годинава, по влошување на состојбата завршил во болница, но докторите од болницата успеале да помогнат тој да ја надмине тешката ситуација и да продолжи таму каде што застанал. А два месеца претходно ништо не укажувало на тоа дека Никола ќе се бори буквално за својот живот. Првите сигнали се појавиле кога бил во Хрватска на море, за во „Аџибадем Систина“ годинава да биде донесен во исклучително тешка состојба, речиси безнадежна. „Николче дојде во тешка состојба, со возило на брза помош од Штип како итен случај. Беше, несвесен, неконтактибилен и со многу ниско ниво на кислород во крвта, под минимумот. Го поставивме на неинвазивна механичка вентилација a тоа е вентилација под притисок со една голема маска. Тој и не се сеќава на тоа, но потоа се наложи интубација, односно поставување на ендотрахеален тубус во трахејата и поврзување на механичка вентилација“, објаснува д-р Натaлија Чакар, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.

СРЦЕТО ОТКАЖАЛО

Уште веднаш случајот со Никола бил голем предизвик за докторите и поради комплицираноста и поради тоа што станува збор за млад човек. Силните напори да се успее завршиле успешно, но Никола и докторите вистински воделе битка за неговиот здив, за неговото срце, кое во еден момент престанало да работи. Никола бил реанимиран дури 40 минути. „По поставување на респиратор, момчето направи арест по што се пристапи на реанимација. Срцето застана и реанимацијата траеше 40 минути. Стануваше збор за навистина драматична ситуација, но се направи сè што дозволува медицината професионално. Подоцна колегите од кардиохирургија го поставија на ЕКМО“, додава д-р Чакар, специјалист по анестезиологија со реаниматологија. Шефот на Одделот за кардиоанестезија д-р Димче Славески вели дека одлуката да се постави Никола на ЕКМО била проследена со извесни дилеми. „Прво пациентот е донесен со исклучително ниска оксигенација, односно со ниво на кислород недоволно за функција на виталните органи и 40 минути реанимиран со знаци дека функцијата на мозокот, односно оштетувањето на мозокот е реално. Тоа би значело да го спасите пациентот, да го решите проблемот со белите дробови, но мозокот да биде со трајни оштетувања и да не се разбуди. Пациентот дојде со тешка респираторна слабост како резултат на масовно крварење во белите дробови, поради што белодробните меурчиња биле исполнети со крв. Одлучивме да биде поставен на респираторна машина, но тоа не даде соодветен резултат. Значи беа зафатени повеќе органи. Меѓутоа, неговата младост, неговата возраст нè натера да преземеме сè. Го поставивме на ЕКМО и на крајот успеавме. Секој ден неговата состојба се подобруваше. Шестиот ден откако беше поставен, беше и ослободен од ЕКМО, истиот ден успеавме да го ослободиме и од респиратор. Кога се разбуди ги побара мајка му и татко му“, вели д-р Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија. И навистина откако ги слушнал родителите бил уште посмирен. По испитувањата кои ги направила д-р Камелија Бушљетиќ утврдено е дека тој има сериозно белодробно заболување. Без вклучувањето на ЕКМО-машината практично можноста за преживување не била можна. „Николче е во стабилна состојба во моментот, но неговата состојба наложува да се следи внимателно, а поставувањето на дијагнозата е по пат на исклучување“, вели д-р Камелија Бушљетиќ, пулмолог. Докторите велат дека во овој случај пресудни за успешниот исход била младоста, но и соработката, односно мултидисциплинарниот пристап кој функционира во болницата. За него сите доктори, секој од своја специјалност соработуваат, се прават проценки и се утврдува точната дијагноза.

„ВО ШТИП НИ РЕКОА ДЕКА НЕМА СПАС“

Родителите на Никола со емоции зборуваат за развојот на болеста. Сега се среќни и благодарни, но во месеците претходно биле полни со прашалници, па и страв. „Никола во ноември се врати од Хрватска, по месец дена доби болки во грлото, беше примен од матичната докторка, го снимивме на рендген и беше утврдено дека му било спуштено едното белодробно крило. Се снимаше и на компјутер, а срцето му работеше многу забрзано. Доби терапија која ја пиеше десет дена. Потоа во јануари повторно се случи тоа, Никола почна да плука крв. Докторката ни рече дека тоа е од крајниците и испукани капилари. Но неговата состојба се влошуваше. Отидовме на кардиолог, кој рече дека срцето работи добро. По неколку дена викнавме брза помош и на Инфективно одделение открија дека има тешко заболување на белите дробови, многу ниска сатурација, а докторите ни рекоа дека нема спас“, вели мајката Стојка Димова. Добиле сугестија да се обратат во „Аџибадем Систина“, а по остварениот контакт Никола овде бил донесен со итна помош. Бил реанимиран и поставен на ЕКМО-машина за која им било соопштено дека е единствениот спас. А Никола се чувствува добро. Во првите минути откако бил тргнат од машината се сеќава само на родителите. Тие и сега му се најголемата поддршка. Вели дека никогаш не паднал психички и има волја за нови предизвици. „Бев на море кога почнав да губам кондиција. Излегов па пак влегов во вода. Се чувствував уморно па си отидов дома. Кога се обратив на доктор ми дадоа сумамед, но вечерта исплукав крв. Докторите ми рекоа дека тоа е од напор и од друга клима, односно дека сум бил на море. Моја грешка е што ги игнорирав симптомите, мислев дека ќе помине затоа што тогаш немав болки. Сепак последните денови, пред да дојдам во Аџибадем Систина‘ беше многу лошо, често плукав крв и срцето чукаше многу брзо“, објаснува Никола. Сведочи и за моментите по закрепнувањето. „Прво нешто што побарав беше да ги чујам моите. Првите пет минути само знаев за мајка ми и татко ми, целата меморија ми беше избришана. Овој ден ќе го славам како втор роденден. Поинаку го гледам животот по 27 јануари. Им кажав и на моите другари дека наредната година ќе славам прв роденден“, додава Никола. И тој и неговите родители се благодарни на луѓето кои донирале, но најмногу на докторите од „Аџибадем Систина“, кои се најзаслужни што Никола сега ќе има и уште многу убави незаборавни моменти


Можеби ќе ве интересира

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро