29 Март, 2024
0.0262

НИКОЈ СЕГА НЕ МИСЛИ НА ПЛАЖА - не се купуваат нови аранжмани, резервираните зависат од можните мерки

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Никому сега не му е до плажа. Дури и некој да сака да резервира патување, на пример за јуни, и со тоа да искористи пониски цени, не може да се знае како дотогаш ќе се развива состојбата со коронавирусот во светот, и дали и какви рестриктивни мерки ќе важат тогаш во земјава, но и во државите во кои би се патувало.

Туристичките агенции во земјава не се отворени, но нивните вработени работат од дома и се постојано достапни на телефоните што се оставени како дежурни на нивните веб страници. 

Фактор разговараше со некои од вработените во агенциите. Велат дека летните аранжмани за од јуни натаму се уште важат, доколку не дојде до нови измени и преппораки од надлежните.

Сепак, во овој период има само интерес, но никој не резервира аранжмани и не уплаќа средства. Сите чекаат да видат како ќе се развива ситуацијата.  

Во туристичката агенција „Аурора“, иако претходно биле закажани, сега се откажани сите патувања што беа планирани за Велигден и за Први мај.

Сепак, се уште се активни летните аранжмани, односно оние што почнуваат од 10 јуни па натаму. Станува збор за планирани патувања за Хургада - Египет, Анталија – Турција, Коста Брава – Шпанија, но и во туристичките места во Грција.

„Станува збор за аранжмани кои граѓаните си ги резервираа уште во декември или во јануари, кога воопшто не беше толку сериозна ситуацијата со коронавирусот и патувањата не беа забранети. Сега засега нема откажување на тие аранжмани, однсно граѓаните се уште имаат позитивни очекувања дека состојбата ќе се подобри и ќе можат да ги реализираат тие патувања“, велат вработените во туристичката агенција „Аурора“.

После резервациите што биле направени во „мирнодопски услови“, сега, во екот на паниката и мерките против вирусот КОВИД-19, граѓаните не прават нови резервации за посета на некоја од привлечните летни туристички локации. Има и такви што, сепак, се јавуваат за да се распрашаат за условите.

„Нема нови резервации. Некои од граѓаните се јавуваат и прашуваат какви се условите, но нови закажувања од нивна страна нема“, објаснуваат од оваа туристичка агенција.

Нивните очекувања се дека новите резервации ќе се појават дури откако граѓаните ќе имаат малку попрецизна слика за тоа до кога ќе продолжат и кога ќе бидат прекинати рестриктивните мерки со кои се ограничува движењето и во земјава, но и во другите држави каде што тие се воведени.

Дали можеби оваа ситуација ќе ги намали цените на летните аранжмани, вработените во „Аурора“ велат дека тие не можат да знаат, бидејќи не се тие што ги носат одлуките.

Од дома работат и вработените во туристичката агенција „Савана турс“. На нивната веб страница се оставени неколку телефонски броеви на кои граѓаните можат да се јавуваат за сите прашања.

И во оваа агенција се уште се активни сите туристички аранжмани за летниот период за повеќе атрактивни туристисчки дестинации, како што се Грција, Турција, Египет, но и Хрватска. Тие се резервирани пред да почне кризата со корона вирусот.

„Сите овие летни аранжмани, кои се однесуваат на јули, август и септември, но и на јуни, се уште се уште се активни и важат. Дали патувањата ќе се реализираат, ќе покаже времето. Да се надеваме дека оваа загрижувачка состојба со коронавирусот ќе помине и сите ние ќе можеме да им се вратиме на нашите нормални животи“, велат врабоените во „Савана турс“.

Засега нема нови резервации. Од агенцијата велат дека има граѓани кои се јавуваат и се интересираат за условите, но никој не резервира апартман или хотелско сместување.

Фактор разговараше и со вработените во туристичката агенција „Нехар травел“, кои исто така сега работат од дома.

Велат дека патувањата што беа планирани за мај, најверојатно ќе бидат откажани. Се чекаат препораки од Владата и од Министерството за економија, но според очекувањата, сите аранжмани за мај нема да се реализираат, а тука влегуваат и патувањата за Велигден, за Први мај, но и раните летни аранжмани кои почнуваат од крајот на тој месец.

Дали ќе има и дали ќе се реализираат аранжмани за ударните летни месеци, јуни, јули и август, засега никој не знае. И за тоа се чека да се види како натаму ќе се развива состојбата, но и какви ќе бидат препораките од државните институции.

Во „Нехар Травел“ немале направено резервации за летниот период. До пред две недели, имало граѓани што им се јавувале и се интересирале за аранжманите, но никој не резервирал и не уплатил. Сега, пак, нема  ни јавувања, сите чекаат што ќе се случува понатаму и до кога ќе траат рестриктивните мерки.

„До пред две недели, односно пред да настапи вонредната состојба, се уште имаше некаков интерес. Ни се јавуваа граѓани и се распрашуваа за условите за аранжманите. Но, и на оние што им испративме наши понуди, не добивме одговори. Ова од причина што условите се изменија брзо, настапија рестрикциите, и граѓаните веќе не беа заинтересирани за летување. Сега воопшто нема јавувања“, велат од туристичката агенција „Нехар Травел“.

Се ќе зависи од тоа какви натамошни мерки ќе преземат властите и во земјава, но и во државите каде што ќе се летува, а тоа, пак, најмногу е поврзано со натамошниот развој на настаните околу коронавирусот.

Засега изгледите не се многу оптимистички, но кај многу од граѓаните, се уште е активна надежта дека ова лето, сепак, ќе може да се оди на плажа.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат