06 Мај, 2024
0.0239

Никој нема 5.000 евра за посигурни лифтови

Објавено во: Економија 28 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Компаниите не можат да ги исполнат условите од  Правилникот за лифтови кои предвидуваат вградување дополнителни уреди вредни најмалку 5.000 евра и технички речиси неизводливи. 

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, условите што ги наметнува Правилникот важат и за помодерните, релативно нови лифтови, од 2008, 2009, 2010 година, зашто и дел од нив ги немаат бараните уреди. Вака дефинираната регулатива, иако базирана на европските стандарди, не се почитува во целост и во голем број земји-членки на ЕУ.

- Една ставка од членот 68 на Правилникот бара поставување уред за заштита од неконтролирани движења на кабината нагоре. Ако оваа обврска се примени, ќе значи голема инвестиција или трошок од минимум 5.000 евра што ќе го сносат станарите. Ако, пак, се изземе од Правилникот и не се примени, нема да дојде до нарушување на функционалноста и безбедноста на лифтовите, истакна Даниела Михајловска Василевска од Комората.

Според претседателот на Групацијата за лифтови Димче Поповски, Правилникот треба да се одложи зашто нема услови за негова примена, а детектирани се и многу пропусти, како и слабости во повеќе сегменти, вклучувајќи го и сервисирањето.

- До 2019 година сите лифтови треба да се адаптирани на Правилникот, но тоа е едноставно невозможно. Се работи за дополнителни инвестиции од најмалку 5.000 до 10.000 евра без кои секако функционалноста и безбедноста на лифтовите нема да се наруши, напомена Поповски.

Групацијата за лифтови од 2009 година бара и лиценцирање на компаниите за лифтови, но досега, како што информира Поповски, нема никаков исход.

Правилникот, пак, за лифтови е донесен на 24 февруари 2009 година. Две години, од 2016 до 2018 година примената на членот 68 беше одложена, но во овој период проблемот не се надмина.

Во Македонија со оваа дејност се занимаваат околу 20 компании. 


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години