15 Декември, 2025
0.1466

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

Објавено во: Економија, Финансии, Македонија 03 Октомври, 2023 06:53

Добивај вести на Viber

Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто за околу година и половина, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Тренчевска во телевизиско гостување зборуваше за растот на пензиите согласно новата методологија. Порача дека пензиите ќе се исплаќаат секој први во месецот, како и дека пензискиот систем е стабилен.

Во однос на исплатата и усогласувањето кое се прави два пати во годината, во март и септември, министерката појасни дека процентот од 5,3 отсто е согласно податоците кои се добиваат од Државниот завод за статистика. Со ова усогласување, подвлече, минималната пензија денес изнесува 13 200 денари, а просечната над 20 000 денари.

-Оваа Влада носи системски решенија. Ако Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ наместо популистички мерки и стиропор инвестираше во методологија денес ќе зборевме за минимална пензија од 25.000 денари. Ние градиме систем кој гарантира постојан раст. Денес минималната пензија е 13.200 денари, ако пред година и половина минималната пензија беше 10.480 денари, денес е 13.200 денари. Во услови на криза, пандемија, економска криза и војна се грижиме за раст на пензии, плати и за стандардот на граѓаните. Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто, за околу година и половина, нагласи Тренчевска во емисијата „24 Анализа“.

Министерката посочи дека е многу важно да се одржува пензискиот систем стабилен.

-Во 2022 година и 2023 година, креиравме сет мерки за пензионерите преку нив сите 336.000 пензионери добија 3000 денари , а оние со најниски пензии добија по 6000 и 4000 денари. Затоа велиме да не се оптеретува пензискиот систем и да не дојдеме во ситуација никој да не земе пензија и за најранливите пензионери ќе направиме пакет мерки за зимскиот период кога најмногу се потребни средства, а со здравство работиме на што повеќе лекови бидат ставени на позитивната листа на лекови, рече Тренчевска.

Според неа, пензиите се економска категорија и колку се вложува заедно со должината на стажот се дефинира пензијата. Се друго, напомена, е популистичка мерка. Се осврна и на солидарниот систем. Потсети дека на сите што имаат остварено пензии пониски од минималната, државата им го финансира износот до законски утврдена минимална пензија.

-Пензиите секој први во месецот ќе бидат на сметките на пензионерите. Пензионерите да бидат спокојни, пензискиот систем е стабилен, а со соодветни социјални мерки ќе допреме до најранливите пензионери, порача Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година