06 Мај, 2024
0.0289

НИКАКО ДА ГИ НАМАЛИМЕ ЗАГУБИТЕ НА ВОДА: Еве кои региони во Македонија се во врвот

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Македонија губи грубо околу 60 проценти од водата. Нивото на загуби на вода се движи од 55 до 67 проценти, а дополнително се уште има региони каде не е обезбеден пристап до безбедна вода за пиење.

Податоците кои ги објави Регулаторан комисија за енергетика покажуваат дека земајта и понатаму се соочува со проблеми и големи загуби на вода. Од нивниот годишен извештај за 2022 година се дознава дека нивото на загуби на вода се движи помеѓу 55 и 67 отсто, а земјава се соочува и со ограничениот пристап до вода во руралните населени места, огромни јавни инвестиции потребни за обезбедување и пристап до безбедна вода запиење и подобрување на квалитетот на третманот на водата.

- Неприходуваната вода станува сè поважна во аспект на заштита на природните ресурси, а претпријатијата се соочуваат со големи загуби на водата. Овој проблем директно влијае врз капацитетот на давателите на водните услуги за финансирање на нови услуги, спроведување на соодветно одржување, како и инвестирање во нови технологија.

Процентот на неприходувана вода во 2022 година се движи помеѓу 11 отсто и 92 проценти, во зависност од давателот на водната услуга. Во согласност со последните достапни податоци, процентот на неприходувана вода во 2022 година на ниво на Македонија изнесува 62,42 отсто - се наведува во извештајот на РКЕ.

Меѓу другото исто така се посочува дека во споредба со претходната година, количеството вода на влез во системите за водоснабдување бележи намалување за 8,58 проценти, како и процентот на фактурирана вода која исто така е намалена за 13,11 отсто во споредба со претходната година.

- Нивото на неприходувана вода кај давателите на водни услуги за 2022 година врз основа на последните достапни податоци, во однос на 2021 година, е зголемено за 1,96 проценти и ја прикажува реалната состојба на неприходувана вода во државата врз основана досегашните добиени извештаи од претпријатијата – се потенцира во извештајот.

Од податоците кои ги објавува РКЕ може да се забележи дека убедливо најголеми загуби од регионите во земјава има во Североисточен регион, каде во 2022 година фактурирана е 21,31 проценти од опфатената вода. Додека 78,69 проценти останале неприходувани.

Веднаш зад нив, во „топ три“ региони со најголеми загуби е Полошки регион каде во текот на минатата година фактурирани се 24,25 проценти од опфатената вода, а 75,75 проценти останале неприходувани.

Меѓу трите со најслаби резултати е и Југозападниот регион кој во 2022 фактурирал 33,35 проценти од опфатената вода, додека 66,65 проценти останале неприходувани.

Ниту останатите региони не се значајно подобри. Па така, во Источниот регион слично како Југозападниот, минатата година фактурирале за 33,70 проценти од опфатената вода, додека 66,30 проценти останале неприходувани.

Пелагониски регион во 2022 година фактурирал 39,61 проценти од опфатената вода, а 60,39 проценти останале неприходувани.

Во Скопски регион минатата година фактурирана е 40,15 проценти од опфатената вода додека 59,85 проценти останале неприходувани.

Вардарскиот регион е малку подобар, и тие фактурирале 41,18 проценти од опфатената вода, а 58,82 проценти останале неприходувани.

Во поглед на искористеност на водите, Југоисточен регион во 2022 година има најголем опфат, тие фактурирале 50,61 проценти од опфатената вода, додека 49,39 проценти останале неприходувани.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово