26 Април, 2024
0.0290

НИ ТРЕБААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ: Трошоците за живот скокнале во однос на лани

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќе пари ни требаат за да го истуркаме месецот. Трошоците за живот пораснале во однос на минатата година. 

Во однос на јануари лани, трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти. Oвие податоци ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Пораст на трошоците на животот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, кај џемот, кај медот, кај чоколадата и кај кондиторските производи за 0,6 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5 проценти, маслото и маснотиите за 0,4  проценти, жестоките пијалаци за 0,3 проценти“, информираат од ДЗС.

Во јануари, раст на трошоците на живот има и кај електричните апарати за лична хигиена за 4 проценти, гасот за домаќинствата за 3,6 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2 процента, мебелот и покуќнината за 1,6 проценти, велосипедите за 1,4 проценти, итн.

„Намалување на индексите на трошоците на живот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук за 6,5 проценти, свежото и разладено овошје за 1,6 проценти, виното за 0,5 проценти, месото за 0,4 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0,3 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти“, стои во соопштението на ДЗС.

Забележано е намалување на индексите на трошоци на живот и кај домашните миленици и сродните производи за 2,7 проценти, течните горива за домаќинства за 1,9 проценти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1,3 проценти, итн. 

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари. 

Од друга страна, минималната синдикална кошница за ноември чинела 33.742,1 денар. 

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека на едно семејство со 4 члена му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби.

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката