14 Декември, 2025
0.0564

Невреме, но и вистинска есен доаѓа на Балканот

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2023 18:37

Добивај вести на Viber

Од утре, а особено за време на викендот, целиот Балкан ќе биде под влијание на силен Џеновски циклон кој ќе донесе локално силно невреме, проследено со многу дожд, силни грмежи, крупен град и олуен ветер.

„Токму поради ова апелираме на крајна внимателност, дури можна е појава и на Суперќелијско невреме, а постои опасност и од локални поплавувања. Судирот на двете воздушни маси (топлата од југ и студената од север) ќе го направат своето, односно ќе предизвикаат големо невреме на многу места на Балканот“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Температурите драстично ќе се намалат, што значи за викендот доаѓа вистинска есен на Балканот.

„Овој бран во Македонија ќе пристигне во недела, особено попладне и навечер кога на многу места ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Не се исклучува можноста локално градот да биде и покрупен. Барем според сегашните изгледи, честа нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме ќе има и следната седмица, кога ќе биде и значително посвежо. Односно пад на температурите на воздухот се очекува уште од недела попладне и навечер. И на граѓаните во Македонија ги советуваме да бидат крајно внимателни од недела, и тоа во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, рече Попоски. 

Во алпскиот регион оваа голема промена ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина