Невработеноста во Германија удри до рекордно дно
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2017
Нивото на невработеноста во Германија го допре во јануари рекордното дно при солидно намалување на барањата за помош при невработеност, што ја забетонира германската позиција на најсилниот пазар на труд во еврозоната.
Барањата за помош при невработеност во Германија се намалија во почетокот на годината со цели 26 илјади при очекувања за доста скромно намалување со 4 илјади и по нивно намалување за 20 илјади во декември, покажува извештајот на Федералната агенција за вработување.
Нивото на невработеност во Германија на сезонски приспособена база се намали изненадувачки од 6,0% во декември до рекордно историско дно од 5,9% дно - најниско ниво од Обединување на Германија кон крајот на 1990 година. Бројот на Германците без работа (на сезонски приспособена основа) се намали во јануари до 2,605 милиони од 2,631 милиони месец порано, задржувајќи се под нивото од 2,7 милиони по деветти последователен месец, откако до месец мај 2016-а нивниот број не беше намалуванпод тоа важно ниво од Обединувањето на Германија наваму.
На сезонски некоригирана база вкупниот број на невработени Германци се зголеми до 2,777 милиони од 2,568 милиони во крајот на минатата година, како нивото на невработеност (на сезонски некоригирана база) порасна до 6,3% од 5,8% во декември.