02 Јуни, 2024
0.0272

Невработените побрзо до сертификат за деловен англиски јазик

Објавено во: Економија 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување го објавија новиот повик за изучување на странски јазици со што невработените до 29 години ќе може да посетуваат бесплатни обуки и да се стекнат со вреден сертификат. Претежно се одбира деловен англиски јазик, но на располагање се и други светски јазици како француски, германски и итн.

- Оваа мерка им заштедува финансиски средства на невработените кои сакаат да ги подобрат своите знаења, компетенции и стручност за да станат поконкурентни на пазарот на трудот зашто ако некој приватно сака да посети курс за деловен англиски и да го сертифицира своето знаење, треба да плати 10.000 денари, изјави Диме Спасов дополнителниот заменик-министер.

Директорката во Центарот за странски јазици Валерија Стојчевска се заблагодари за довербата на Министерството и Агенцијата за спроведување на обуката. Покрај странски јазици невработените може да се стекнат и со сертификат за компјутерски вештини, поточно за Ворд и Ексел програмите. 

Слободни се 400 места за странски јазици и 700 за компјутерски вештини. Штом заврши пријавувањето ќе се формираат повеќе групи низ различни градови во Македонија. Обуката ќе трае три месеци интензивно или вкупно 45 часа, а по нејзиното завршувањето е платено и сертифицирањето, односно полагањето за добивање на меѓународно признатиот сертификат од Кемриџ Универзитетот, валиден кај секој работодавач.


Можеби ќе ве интересира

Зошто богатите во Европа пијат поевтина „кока-кола“?

Зошто богатите во Европа пијат поевтина „кока-кола“?

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија