26 Април, 2024
0.0733

Невладини организации ја повикаа Антикорупциска: Владата лиценците за одгледување канабис „ги вади од ракав“

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Здружени организации ја повикаа Државната комисија за спречување на корупција да реагира за начинот на донесување на предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, кој Владата бара под итна постапка со европско знаменце да се донесе во Собранието.

Активистите велат дека граѓаните кои бараат лек од канабис ќе продолжат да го купуваат од црниот пазар, изложувајќи се себе си на ризик од криминализација, а во исто време се заоструваат критериумите и се бирократизира постапката за одгледување и производсвтво за канабис, со што се зголемуваат трошоците, а со тоа и цените на лековите.

Од друга страна, сметаат од таму, Владата си дава одлучувачка улога во доделувањето на лиценци без надворешно контролирање на критериумите а спорно е и барањето за банкарска гаранција од 500 000 евра за да се добие дозволата.

„Со законот се регулирани условите и начинот за одгледување и производство на канабис за медицински цели на уште порестриктивен начин од досегашниот а, со тоа се овозможуваат услови за монополизација и политичко влијание преку процесите на доделување лиценци.“ – велат од „НВО БИЛКА“, „О2“ и „Плоштад Слобода“.

Инаку вчера се одложи Собраниската седница за предлог – законот, а организациите бараат законот повторно да се врати кај предлагачот - Министерството за здравство и да се доуреди преку демократски и транспарентен процес на донесување на законските решенија.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката