Невидени турканици пред ковид-центарот на ГОБ „8 Септември“: Директорот Костов уверува дека сите ќе бидат прегледани
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020 14:06
Утринава огромен
број граѓани се обидувале да стигнат на ред да бидат прегледани во ковид-центар
во ГОБ „8 Септември“, а по социјалните мрежи веќе има видеа од турканиците меѓу
луѓето. Некои од нив, исто така на социјалните мрежи, пишуваат дека чекале и по
неколку часа за да стигнат на ред.
Видео на својот профил на Фејсбук објави и новинарот Фуркан Алиу.
-Што да правиме, кога ни е кажано да дојдеме на контрола. Ова е невозможно, велат пациентите кои стојат пред ковид-центарот.
За ваквата ситуација го прашавме директорот на болницата, д-р. Христијан Костов, кој вели дека е н ормално да има гужви, кога само до 13.00 часот биле прегледани дури 90 пациенти.
-Секако дека ќе има вакви ситуации. Освен што до сега се прегледани 90-тина луѓе, до 16.00 часот ќе бидат прегледани најмалку уште 70 пациенти. Сите имаат бројчиња, но гужвата се создава бидејќи некои од нив по два пати доаѓаат, зошто претходно биле упатени на рентге, во лабораторија, па чекаат резултати, па со резултатите мора повторно да се вратат тука. Нормално е и некои од нив да бидат нестрпливи, заради што редот го одржува обезбедувањето на болницата, посочува директорот Костов за Фактор.
Д-р. Костов, истовремено нагласува дека во ниту еден случај пациентите нема да останат непрегледани.
-На крајот на денот сите ќе добијат соодветна здравствена услуга. Пациентите не ги пуштаме да си заминат непрегледани и без терапија. Функционира непречено и дневната болница, каде оние со средно тешка клиничка слика примаат инфузии. Секојдневно, во изминативе два месеца, тука се вршат прегледи на околу 150 до 200 пациенти дневно. Како и да е, во ГОБ „8 Септември“, во моментов се хоспитализирани 105 пациенти, имаме уште 4 слободни места, но секојднево испишуваме најмалку по 10-тина оздравени пациенти, вели д-р. Костов.
Анита БуховскиФотографијата и видеото се преземени од колегата Фуркан Салиу
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




