14 Декември, 2025
0.0470

НЕВЕРОЈАТНА СУМА ВО 2024: Македонците истргувале акции во странство за 105 милиони евра

Објавено во: Економија 23 Април, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Македонските правни и физички лица минатата година на странските пазари истргувале акции, односно хартии од вредност, во висина од дури 105 милиони евра. Сумата на купени, односно продадени акции е за повеќе од двојно поголема споредена со таа од една година претходно.

Според извештајот на Комисијата за хартии од вредност за работењето на овластените учесници за 2024, оваа сума ја пријавиле четирите банки и една брокерска куќа кои ги вршат овие услуги. Преку овие посредници се прикажани приходите од прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност, односно тргување на странски пазари.

„Вкупниот промет на странски пазар остварен во 2024 од петте пазарни учесници кои учествуваат во тргувањето со хартии од вредност на странски пазари изнесувал 6.344.873.263 денари и истиот е зголемен за 116,68 отсто во споредба со 2023 кога изнесувал 2.928.194.080 денари“, објави КХВ.

Кај сите пет посредници се зголемени купопродажбите, а најголемиот промет со акции бил направен преку Шпаркасе банка со над 50 милиони евра. На второто место по оваа дадена услуга е Стопанска банка со 20 милиони евра, а потоа следува Комерцијална банка со промет од 16 милиони евра. Преку НЛБ Банка и Инвестброкер е истргуван промет во странство од 10, односно 9,5 милиони евра.

Прометот со посредство на Инвестброкер се зголемил за дури 240 отсто, а кај Шпаркасе банка за 146,15 проценти. Најмногу трансакции со купување на акции во странство имало од Комерцијална банка - 2.314. Просечната вредност на една трансакција била 1.072.675 денари. Најголема просечна трансакција има Стопанска банка - 4.688.215 денари.

Акции во странство може да купат преку домашни или странски брокери или преку онлајн платформи.  Интересот на македонските граѓани за купување акции во странство постојано расте. Како што растат заштедите на граѓаните, така се зголемува и потенцијалот за инвестирање во акции и фондови во странство. 

Сумата најверојатно е многу повисока затоа што голем број македонски инвеститори директно користат странски онлајн платформи за тргување со акции, но купуваат и индиректно, преку отворените инвестициски фондови, каде што купуваат сопственички удели во фонд, кој самостојно решава за инвестициската стратегија и во какво портфолио на акции или обврзници ќе ги вложи парите на своите клиенти.

Вкупната провизија за тргувањето што ја наплатиле петте овластени учесници во Македонија е 350.000 евра. Наплатата е зголемена за 112 проценти.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година