НЕТАНЈАХУ ПОПУШТИ ПОД СИЛНИОТ ПРИТИСОК: Ги одложува судските реформи кои ескалираа со протести
Објавено во: Свет 27 Март, 2023 18:40
Израелскиот
премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја одложи дебатата за контроверзната судска
реформа за следниот месец, објави партијата „Еврејска моќ“, членка на
владејачката коалиција.
Во соопштението се наведува дека за оваа точка ќе се расправа на следната седница на парламентот со цел „реформата да се донесе преку дијалог“.
Парламентот е затворен следната недела поради празникот Велигден.
Израелските медиуми претходно објавија дека владата разговарала за замрзнување на контроверзната планирана судска реформа откако во неделата вечерта избија масовни протести.
Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив на протест затоа што Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант откако тој ја повика владата да ја прекине реформата. Протести се одржуваат секоја недела откако владата на Нетанјаху, една од најдесничарските во историјата на Израел, предложи реформски план за поделба во јануари.
Израелската синдикална организација Хистадрут денеска повика на генерален штрајк доколку Нетанјаху не објави дека се откажува од планираните реформи.
Нетанјаху преку Твитер ги повика демонстрантите и нивните противници да се воздржат од насилство.
ФОТО: ЕПАМожеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




