НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Борбен авион се урна во Јонското Море
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2023 13:03
Авионска несреќа се случи во Грција. Грчки борбен авион се урна во Јонско Море и сега се трага по пилотите.
Спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион Ф-4 кој денес се урна кај западна Грција, јави грчката државна телевизија. Авионот бил на тренажен лет, тргнат нешто по 10 часот и се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од воздухопловната база Андравида на полуостровот Пелопонез.
Двајцата пилоти се катапултирале од леталото, тврдат медиумите, но властите не можеа да ја потврдат таа информација. Борбените авиони од американско производство Ф-4 „фантом“, Грција првпат ги набавија во 1974 година.
Беспилотен авион во 2018 година се урна во северна Грција кратко по полетувањето.
фото ЕПА
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




