15 Декември, 2025
0.1010

Немам зборови.. Блаже Сапунџиев доби бубрег од Верица Белчовска, плаче кога се заблагодарува

Објавено во: Македонија 25 Април, 2021 17:02

Добивај вести на Viber

Таа имаше само 20 години, но и Блаже е млад. На 27 години мораше да оди на дијализа. Сега веќе не. Бубрегот од починатата дваесетгодишна беровчанка Верица Белчовска му помогна на овој млад кавадарчанец да продолжи со нормален живот. Блаже Сапунџиев наскоро ќе ја напушти хирургија и ќе има комплетно здрав бубрег. Сторијата со него ја објави Сител. 

„Премногу млад живот згасна, голема тага за фамилијата. Уште не сме се запознале,но немам зборови со кои може да е опише тоа што го направи ова семејство, вели Блаже Сапунџиев од Кавадарци.

Дента на 16ти април кога му се јавиле од Нефрологија дека можеби е потенцијален кандидат за трансплантација Блаже од возбуда ги згрешил улиците во родниот град. Во Скопје дошол со татко му и неколку часа чекале да бидат завршени сите анализи.

Ова момче од рана детска возраст се соочило со откажување на работата на бубрезите и 4 години бил на домашна дијализа за која биле обучени неговите родители.

-Ова е втор пат како добиваш бубрег. Кога прв пат седна на операционен стол?

-Во 2002 година ми беше направена трансплантација во Солун. Добив бубрег од мојата мајка и 18 години беше добро. После тоа една година пак одев на дијализа и еве сега добив бубрег, вели Сапунџиев.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“