24 Април, 2025
0.0313

НЕМА УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: Уште две недели, од полноќ до 4 часот изутрина забрана за движење, локалите со работно време до 23.30

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2021 13:09

Добивај вести на Viber

И во наредните две недели да остане на сила полицискиот час кој почнува од полноќ и трае до 4 часот изутрина е препораката на Комисијата за заразни болести по редовниот утринскио состанок.

Оттаму за Фактор брифираат дека целта е да нема промени во рестриктивните мерки со цел поголема стабилизација на епидемиолошката состојба во земјава.

-Сведоци сме на секојдневно намалување и на бројот на новозаразени, како и на бројот на примени пациенти во болниците, значи епидемиолошката крива овие денови е постојано во надолна линија, но уште две недели ќе важат рестриктивните мерки за да не се случи нешто непредвидено. Значи полициски час од полноќ до 4 часот забајле и кафеаните, рестораните, локалите, сите угостителски објекти ќе го имаат сегашното работно време, односно до 23.30. Сепак станува збор за респираторен вирус, кој веќе добро знаеме, може да избувне во секое време. Оставаме простор да ја држиме ситуацијата под контрола, барем додека се извакцинираат уште 100.000 граѓани, а со ова темпо на вакцинација, тоа ќе се случи за 14-дена. Значи, за да имаме непречен процес на вакцинација, не смее да ни се случи огромен број новозаразерни на дневна основа, вели извор на Фактор од Комисијата за заразни болести.

Истовремено потенцира дека иако нема конкретен датум кога би имало ново олабавување на рестриктивните мерки, Комисијата за заразни болести, најверојатно ќе препорача од 1.јуни. Инаку, вакцинацијата на граѓаните се одвива насекаде во земјава. Во Скопје во здравствените домови во тек е ревакцинација со АстраЗенека и со Фајзер, додека во Спортскиот центар А1Арена  „Борис Трајковски“ се одвива вакцинација со прва доза на Синофарм и Фајзер.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат

МИЦКОСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

ПО ОБЈАВЕНОТО ВИДЕО СНИМЕНО НА „БУТЕЛСКА“: Казнет е возачот кој се движеше по велосипедска патека

ПО ОБЈАВЕНОТО ВИДЕО СНИМЕНО НА „БУТЕЛСКА“: Казнет е возачот кој се движеше по велосипедска патека

ОДДАЛА СЛУЖБЕНА ТАЈНА: Претседателката на ДКСК дала податоци на вмешан во случајот „Адитив“

ОДДАЛА СЛУЖБЕНА ТАЈНА: Претседателката на ДКСК дала податоци на вмешан во случајот „Адитив“

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце