29 Март, 2024
0.0289

НЕМА ТАКВА ЦЕНА ЗА СТАН ШТО МАКЕДОНЕЦОТ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПЛАТИ - нов драматичен податок на НБМ: Во вториот квартал поскапување за дури 16,5 отсто

Објавено во: Економија 11 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Народна банка го објави она што сите го знаеме и го гледаме во реалноста, но не ни беа познати точните бројки.

А тоа е дека во вториот квартал на годинава цените на становите доживеале драматичен и досега невиден раст, односно на годишно ниво поскапеле за дури 16,5 отсто.

Ова следува откако енормно висока беше стапката на пораст и во првите три месеци од годинава и изнесуваше 12,4 отсто на годишно ниво, што тогаш кога беше објавен податокот, пак, ни изгледаше премногу страшно.

Инаку, цените на становите почнаа да растат од далеку претходно, уште од стартот на 2021 година, но факт е дека најдраматичниот пораст се случува во првиот и сега во вториот квартал од годинава.

Не е тајна дека една од главните причини што се зголеми цената на становите во земјава, покрај растот на цените на материјалите и на сите инпути, беше и идејата на граѓанството дека треба да се инвестира во недвижнини, поради што се случија и значајни повлекувања на штедни влогови од банките, кои потоа се инвестираа во купување на станови.

Тоа беше подраматично изразено во мај и претходните месеци, но како што веќе пишуваше Фактор, во јуни граѓанските депозити почнаа повторно да се враќаат во банките. Односно, тие пак тргнаа по нагорна линија, иако нивното јунско зголемување е скромно и изнесува 7,3 милиони евра.

Инаку, и цените на становите во ЕУ и во еврозоната многу пораснаа, а во Хрватска нивниот раст е над европскиот просек, се вели во извештајот на европскиот статистички институт Еуростат, пренесоа неодамна хрватските медиуми.

На годишна основа, цените на недвижностите во ЕУ се зголемија за 10,5 отсто во првите три месеци од оваа година, што е највисоко од крајот на 2006 година. Во еврозоната цените скокнаа за 9,8 отсто во првиот квартал, што е највисоко откако Еуростат почна да објавува податоци во 2005 година. Сите земји од ЕУ чии податоци беа достапни на Евростат забележаа годишен раст на цените во првиот квартал, а во 17 од нив стапката на раст беше двоцифрена. Цената на станбените недвижности во Чешка порасна за 24,7 отсто. Следат Естонија со 21 отсто и Унгарија со 20,6 отсто.

Во Хрватска цените на станбените недвижности во првиот квартал од годинава се повисоки за 13,5 отсто во однос на истиот период лани. Кипар имаше најскромен раст на цените, 1,1 отсто. 

Инаку, во една анализа што ја објави Фактор во последните денови на јуни, се запрашавме дали има изгледи да запре вртоглавиот раст на цените на становите во земјава, па дури и тие да се намалат, откако незапирливо растат подолго време, речиси две години наназад, но особено во последниов период.

Во светски рамки тогаш дојде до пад на цената на суровото железо, материјал кој се користи во голем процент во градежната индустрија, па затоа и се очекуваше дека може да го запре вртоглавиот раст на цената на становите, проследено и со евентуален очекуван пад на побарувачката.

Тогаш пишувавме, што се поклопува со крајот на вториот квартал, дека засега нема никакво намалување ниту на цената, ниту на побарувачката за станови, иако голем процент од становите се сметаат како празни. Од агенциите за недвижности со кои тогаш комуницираше Фактор, изјавија дека побарувачката за станови во земјава и особено во главниот град засега нема никакви знаци на стивнување, ниту, пак, има било какви изгледи за намалување на цената на становите. Сепак, дел од сопствениците на агенциите коментираа дека цените веќе го достигнале својот плафон и дека ќе стагнираат, но нема никакви изгледи да се намалат.

„Се уште владее голема побарувавачка за станови во земјава, особено за Скопје и особено за помалите станови. Цената на становите нема никакви знаци на намалување. На атрактивните локации цените се движат од 1.400 до 1.800 евра за метар квадратен, додека на локации за Ѓорче Петров или Ново Лисиче на пример, цените се од 800 па и до 1.200 евра“, ијавија вработени во една од агенциите за недвижности.

Оттаму се согласуваат дека цените на становите во земјава ги поминаа сите логични граници, но, како што нагласуваат, нема интенции ниту дека ќе се намалат.

„Намалување нема да има, тоа сме сигурни. Но, очекуваме стагнација, бидејќи факт е дека цените го достигнаа својот плафон и веќе не е логично да продолжат да одат нагоре“, изјави еден од нашите соговорници.

Според пописот на ДЗС, од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи