10 Јуни, 2023
0.0241

„НЕМА ШИРЕЊЕ НА НИКАКВА ГЕЈ ПРОПАГАНДА ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ“: Ова е најмалициозна лага, ОУ „Кирил и Методиј“ со сите детали за домашната задача

Објавено во: Македонија 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Домашната задача „Рецепт за среќно семејство“ наменета за првачињата во ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје, предизвика бурни реакции во јавноста, посебно илустрацијата на двајца мажи и едно дете, за што граѓаните оценија дека станува збор за геј пропаганда. Во обид да дојде до одговори дали материјалот е дел од наставната прогреама за учениците од прво одделение и дали навистина станува збор за геј пропаганда, Фактор се обрати до Министерството за образование и наука.

Оттаму нагласија дека содржината која е реализирана во ОУ „Кирил и Методиј“ не е застапена во соодветната наставна програма за прво одделение.

-Наставата во училиштата се реализира согласно наставни програми изготвени од страна на Бирото за развој на образованието и посочената активност, односно содржина која е реализирана во ОУ „Кирил и Методиј“ не е застапена во соодветната наставна програма за прво одделение. Наставниците индивидуално или на ниво на колектив одлучуваат за формите и методите што ќе ги применат со цел ефикасна реализација на наставните содржини и достигнување на стандардите за постигањата на учениците. Во конкретниот случај, согласно информациите од училиштето, станува збор за наставен лист кој наставничката сама го споделила со учениците по наставниот предмет општество, без да обрне внимание на илустрацијата, но и без намера за каква било пропаганда, соопштија од МОН.

Од основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ велат дека зад веста која беше објавена во медиумите „се крие малициозна тенденција за искривување на фактичката состојба во нашето училиште“.

-Одговорно тврдиме дека ова не е точно и ја демантираме во целост оваа злонамерна конструкција против нашето училиште.

Бидејќи содржината не е застапена во наставната програма за првоодделенците, Фактор праша  дали станува збор за пилот, од каде што одговорија:

-Не станува збор за никаков пилот проект. Станува збор за стандардна методска единица Мојот дом и семејство според наставната програма за прво одделение. На фотографијата која ни ја доставивте е наставен лист, како завршна активност од часот и не соодвествува со целокупниот тек на часот. Истиот содржи воведен дел, главен дел и завршна актвиност. Истиот е во корелација со содржините по предметите македонски јазик, ликовно и музичко за прво одделение со точна дефиниција за целите на часот. А целите на часот се улоги и одговорности во домот (грижа, возрасни ,задолженија, одговорност и хигиена), покрај дискусија на прашања-мојот дом моето семејство, видови семејства (потесно и пошироко семејство, еднородителски семејства, старателско и згрижувачко семејство). Во објавената слика, односно завршна активност од часот, се претставени татко со синови и мајка со ќерка (еден пример на еднородителско семејство и пример на згрижувачко семејство) кое е извадено од контекст и крајно надвор од здраворазумие, велат од училиштето, вели за Фактор директорката, Соња Кирковска.

Ова не е одлука и желба на одговорните наставници, додаваат оттаму, напротив станува збор за одговорни наставници кои најпрофесионално ги потготвуваат и планираат часовите според сите стандарди. На Вашето прашање „какви мерки ќе превземеме“, следи наш јавен демант за оваа искривена вистина односно лага дека вршиме геј пропаганда кај најмалата возраст на ученици.

Во доставените одговори, од училиштето испратија и демант и извинување од родителот кој ненамерно ја објавил погрешната информација.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ДУИ денеска се собира, ќе се решава за излез од Влада

ДУИ денеска се собира, ќе се решава за излез од Влада

Директори од основни училишта во Кавадарци се тепале во ноќен клуб

Директори од основни училишта во Кавадарци се тепале во ноќен клуб

Почина жената што падна од 6-ти кат во Бутел

Почина жената што падна од 6-ти кат во Бутел

Декан Горан Марковски: Феномени како во Делчево ќе има се почесто

Декан Горан Марковски: Феномени како во Делчево ќе има се почесто

Мицкоски и Пандов открија биста на Драган Богдановски до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски и Пандов открија биста на Драган Богдановски до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Државен испитен центар: Матурантите препишувале откако ги добиле тестовите по англиски јазик

Државен испитен центар: Матурантите препишувале откако ги добиле тестовите по англиски јазик

Сашко Јовев би сакал да биде министер за здравство

Сашко Јовев би сакал да биде министер за здравство

Некој го открил матурскиот тест по англиски јазик

Некој го открил матурскиот тест по англиски јазик

Автопатот пред влезот на Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена

Автопатот пред влезот на Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена