17 Мај, 2024
0.3697

НЕМА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ: Состојбата е мирна, дел од ковид-центрите се затвораат

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Актуелните антиковид мерки се сосема доволни и нема потреба од нови рестриктивни мерки оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека епидемиолошката состојба во Македонија е мирна.

-Остануваат на сила постоечките мерки. За влез во земјава се бара потврда за вакцинација или негативен ПЦР или пак потврда за прележан ковид. Жалам што интересот за вакцинацијата спласна. Ако се исклучат децата ние имаме опфат меѓу 50 и 55 проценти, и нема брзо да го постигнеме процентот од барем 70 отсто, но со оглед на тоа што собири на јавни места има секаде, а кулминација ќе се доживее за време на новогодишните празници и сето тоа ќе спласне, ние сега имаме прилично мирна состојбата. Не гледам зошто и специфично само за новогодишните празници би правеле некаква рестрикција кога собири сега пред Нова година традиционално има секаде во огромен број, луѓе се собираат“, изјави Филипче.

Истовремено нагласи дека и болниците се празнат, односно се намалува бројот на пациенти кои се хоспитализирани заради компликации од вирусот.

-Болниците се растеретени, ковид центрите се затвораат, следната недела целата интерна клиника ќе се врати во нормална работа. Пациентите со ковид ќе бидат сместени на Инфектвната клиника и ТБЦ-институтот, а ова дополнително ни дава за право да сметаме дека ситуацијата е навистина мирна. Не можеме да предвидиме како ќе биде, дали некоја нова варијанта на вирусот ќе придонесе да ја влоши епидемилошката состојба и затоа акцентот го ставаме на вакцинацијата. Сега има нови студии дека значајно се зголемува ефикасноста на вакцините, против најновиот сој омикрон кога се прима третата бустер доза“, изјави Филипче.

А. Б. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање