НЕМА РАБОТНИЦИ НИТУ ЗА 1000 ЕВРА ПЛАТА: Увезуваат дури 12.000
Објавено во: Финансии, Балкан 02 Јануари, 2018
Октомври беше еден од најдобрите месеци за градежниот сектор во последните години во Хрватска.
Растот во однос на претходниот месец беше за 3%, а во однос на истиот период лани растот е за 4.6%.
Работа има доволно, но нема кој да ја обави.
Во Хрватска е тешко да се најде квалитетен градежен работник дури и за плата од 800 до 1000 евра.
За една деценија од Хрватска си заминале 50.000 градежни работници.
Хрватска ќе увезе 12.170 градежни работници.