29 Март, 2024
0.0272

НЕМА ПОТРЕБА ОД ВРАЌАЊЕ НА СТРОГИ АНТИКОВИД МЕРКИ: Доволна е самоизолација од барем 5 дена и поголема свесност за носење маска онаму каде што треба

Објавено во: Македонија 08 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Пикот на ковид-19 е дефинитивно зад нас, бидејќи нивото од 870 нови случаи дневно, што беше поставено како праг за одржување на надолниот тренд минатата недела, не беше пробиено во четвртокот и петокот, оценува професорот од Техничкиот Факултет во Битола, Дејан Трајковски. И покрај тоа што официјалните бројки на новозаразени со корона вирусот се далеку помали од реалната бројка, здравствените власти сметаат дека нема потреба од враќање на строгите антиковид мерки, бидејќи засега нема притисок врз болниците и целокупниот здравствен систем.

-Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор. Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување на нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, т.е. задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи, соопштија од Комисијата за заразни болести.

Според матичните лекари, најголем дел од нивните пациенти сами се тестираат со брзите тестови кои ги купуваат од аптеки и оние кои немаат потреба да влезат во системот дека ја прележале болеста воопшто не прават ПЦР тестови со кои валидно влегуваат во официјалната ковид статистика на земјава.

-ПЦР тестирања закажуваме многу малку. Пациентите на кои им е важно да влезат во официјалната статистика за корона вирусот сами си бараат да ги упатиме во Институтот за јавно здравје или во ЦЈЗ-Скопје. Тоа се  најчесто луѓе кои имаат примено две вакцини, па за да не ја примаат и бустер дозата одат да се тестираат. Во наредните шест месеци нема потреба да примаат вакцина, бидејќи во нивниот ковид-сертификат стои дека го прележале вирусот. Сите останати заразени со ковид-19 не прават ПЦР тестови, но секако лекувањето го правиме според актуелните квид-протоколи. Она што е најважно за да се намали трансмисијата пациентите кои имаат симптоми и потврдиле со брз тест дома дека се заразени со вирусот или пак не правеле никаков тест, но се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски. Најдобро е самите да се изолираат барме пет дена додека помине најакутната фаза кога се најзаразни за останатите, велат од приватните ординации по општа медицина.

Инаку, симптомите на овој сој на вирусот се поблаги и даваат полесна клиничка слика, особено кај пациентите кои веќе се вакцинирани и кои во изминатиот период на пандемијата веќе еднаш, па дури и два пати го прележаа вирусот. И покрај ова, лекарите велат дека болеста може да биде крајно опасна за оние кои досега ниту се вакцинираа, ниту пак се заразија со ковид-19.

-Повозрасните наши сограѓани, кои досега ниту се вакцинирале, ниту заразиле, би било најдобро да се вакцинираат и така да го намалат ризикот од тешка форма на болеста, но во краен случај и од смртен исход. Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата