НЕМА ПОКАЧУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК, ОСТАНУВА 140 ДЕНАРИ: Ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
Објавено во: Македонија 15 Март, 2025 14:49
Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека работат на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
Прашана дали ќе има измена на моделот на студентскиот оброк и во кој правец се размислува, Јанвеска одговори потврдно.
- Да, се планира, во овој момент работиме на законот за студентски стандард. Според дописот што го имаме добиено од студентите, студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти, информираше Јаневска, за време на посетата на „Саемот за образование“ во организација на студентската иницијатива „Студентарија“.
Таа соопшти и дека реновирањето на студентскиот дом „Пелагонија“ ќе почне откако ќе бидат завршени двата дома што сега се реконструираат.
- Реновирањето на домовите мора да оди постепено за да можеме да ги сместиме студентите кои сакаат да студираат во Скопје. Затоа, откако ќе бидат завршени двата што се започнати, ќе почне реновирањето и на „Пелагонија“, одговори таа на новинарско прашање.
фото: МИАМожеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




