29 Март, 2024
0.0311

Нема персоналец и данок на добивка за погодените фирми

Објавено во: Економија 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Државата нема да им наплаќа данок на личен доход односно персоналец за март, април и мај на фирмите кои остваруваат доход од самостојна дејност а кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19. Нема да плаќаат и аконтации за данокот на добивка за тие месеци сите компании кои се во с екторите кои се најпогодени од оваа криза. Владата вчера доцна попладнето донесе нови уредби кои се однесуваат на даночни измени.

Според уредбата право на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход ќе имаат угостителите, фирмите за организирање и послужувањ ехрана, но и туристички агенции, транспортните фирми. Сите ќе бидат ослободени ако не го намалат бројот на вработени. Освен за овие фирми мерката ќе биде со важност и за други сектори кои не се набројани но за кои ќе се утврди дека имаат претрпено штети во своето работење.

За да ја имаат поволноста треба да имаат намалени приходи од најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 отсто во однос на истиот период претходната година. ослободување следува и ако даночниот обврзник затвори најмалку половина од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

Ослободување од аконтациите на данок на добивка ќе имаат истите компании односно најпогодените сектори. Треба да не носат одлуки за исплаат на дивиденди и други награди и бонуси и да не го намалуваат бројот на вработени.

Управата за јавни приходи повеќе нема да објвува листа на должници.

Владата вчера ја усвои и уредбата за оленсување на кредитните услови за граѓаните и за фирмите. Фактор претходно пишуваше дека банкарите чекаат на уредбата за да почнат да ги кројат условите и олеснувањата.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?