НЕМА НИКАКВИ ГАРАНЦИИ: На Вучиќ му нудат да го признае Косово, и ништо повеќе
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2019 17:33
Никој ништо не му нуди на Белград во врска со косовското прашање, освен да го признае Косово во рамките на границите признати од западните земји.
Ова го тврди српскиот претседател, Александар Вучиќ.
„Мислите дека некој друг ни понуди нешто друго, бидејќи слушам приказни за тоа како поделбата е предавство? Никој не ни нуди ништо друго освен да го признаеме независно Косово како целина во рамките на границите на независно Косово,“ изјави Вучиќ, јави МИА.
За информацијата дека специјалниот претставник на претседателот на САД за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, барал признавање, а за возврат понудил инвестиции, Вучиќ вели дека имал добар разговор со него и дека нема да одговори на претпоставките што се појавуваат во јавноста.
Српските медиуми пишуваат дека американскиот претседател, Доналд Трамп преку посредник порачал дека Србија мора да го признае Косово. САД бараат Србија да го признае Косово, а притисок се најавува и од Европската Унија.
Вучиќ деновиве во интервју за виенскиот весник Стандард рече дека можноста Белград да го признае Косово во актуелните граници е исклучена, па дури и воопшто дека некогаш ќе го признаат Косово. И ние ли ќе добиеме исти гаранции од ЕУ како С.Македонија ако го решиме косовското прашање, праша Вучиќ во интервјуто.
фото ЕПА
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





