08 Мај, 2024
0.0231

Нема напредок ако не се менуваме!

Објавено во: Колумни 01 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Повеќето луѓе не сакаат да се менуваат, робуваат на навики. Кога има потреба од промена тогаш кај нив се јавува отпор. Најчесто ваквата реакција се јавува поради тоа што луѓето се плашат од непознато.  Секоја промена ја доживуваат со изразување на негативна емоција и со недоверба. Малку ризикуваат за било што, одат на проверена варијанта, а потребата за сигурност им предначи во однос на тоа да пробаат нешто ново. Тоа влијае и на самото однесување, па затоа повеќето од нас  најчесто се воздржани и во релациите со другите луѓе. Животот е рутина, на една иста релација до дома и назад, ист доручек, исти обврски, исти луѓе во нашата околина, а спортувањето и културните активности се сегменти кои многу малку ги практикуваме. Можеби така сме скроени, да живееме како вистински хедонисти, опуштено,  да не се прави нешто ако не се мора. Кикирики и пиво за фудбалски натпревар, или чипс со ТВ сапуници, е почестата опција отколку да се отиде на прошетка, театар или нешто слично. Но за кафана, кафуле секогаш се наоѓа време, има желба, потреба! И најинтересно е, што повеќето така се однесуваат, бидејќи  и “другите тоа го прават”. Забележлив е еден стереотип во однесувањето, во навиките, во односот кон себе и другите. И сето тоа е убаво ако сме задоволни со животот кој го имаме, со работата која ја работиме, со себе, со она што сме го направиле. Доколку е тоа  така, е супер! Но доколку не, причината е во тоа што не се менуваме. Панта реи, се тече се се менува...вели познатата латинска поговорка, но во реалноста не е така. Некако ние Македонците малку се менуваме! Ни недостига вграден код, желба за повеќе..каде потребата од менување, еволуирање е вградено во нас, а промените се нормална појава. Се повеќе се луѓето кои одат на работа, колку нешто да работат, кои крајно махинално ги извршуваат своите работни обврски, колку некој да не им пререче. За нив работниот ден е ист! На секој поголем мозочен напор, се дава отпор..и се наоѓа оправдување во својата немотивираност. И токму таа немотивираност е причина, луѓето и после долги години поминати во една дејност, да немаат напредок, да не понудат поголем квалитет и креативност! Вистинското прашање е? Кој е тој што треба да не мотивира? Дали е тоа претпоставениот или сме самите Ние. На крајот на денот се што правиме, правиме за себе..можеби нема да добиеме моментална финансиска награда, или пак пофалба..но тоа што сме ја подобриле својата вештина, во било кое поле,  е тоа е најдобрата награда и инвестиција. ...па потоа не се знае! На повеќето луѓе треба да им се случи нешто лошо, нешто да ги раздрма, па да се замислат за себе, за својата ситуација, и тогаш нешто да се промени. Најчесто се менуваме кога ќе не раздрма животот, тогаш мислата ни добива длабочина, стануваме потолерантни, пореални. Но не се сите силни! Некого таа лоша работа ќе го кутне, некој ќе исплива на површината, посилен и освестен. Прашањето ми е, зошто да се случуваат само големи работи, за да се менуваме. Зошто процесот на развивање , да не го прати процесот на стареење, и тоа да е нешто сосем природно кое самите ќе си го наметнеме. Зошто да не сакаме повеќе за себе, и своите, зошто да се задоволуваме со тривијални работи. Да завршам со еден силен цитат на Меша Селимовиќ, автор на легендарното дело Дервишот и Смртта “Убеден сум дека ќе настапи ренесанса, која ќе ги промени работите побрзо од што мислиме. Луѓето ќе се заситат од стандардизираните информации, од забава без дух, од празнина предизвикана од трката за несуштински работи, од беслисленото докажување поради стекнување општествен статус, а културата ќе биде она што ќе ги спаси од чувството на ништовност. Посебно верувам во младите, кои  нема да дозволат светот да потоне во сивило. А спасот денес не е во религијата, туку во уметноста, која ќе даде смисла и нова вредност на овој технократски, материјалистички свет, кој ја губи својата душа”. Сашо Дуљанов  

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина