03 Мај, 2024
0.0263

Нема лабаво: Колку кредити се подготвени да репрограмираат банкарите

Објавено во: Економија 27 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Банкарите се помалку им ги олеснуваат условите за враќање на старите кредити на граѓаните и на фирмите. Од година в година се намалува процентот на таканаречени реструктуирани кредити. Тие се оние за кои банката одлучила да им го зголеми рокот за враќање, но и да ги промени другите кредитни услови. Иако компаниите се повеќе се соочуваат со финансиски проблеми, сепак оваа практика банките се помалку ја применуваат, оти искуството покажало дека и покрај промената на условите, кредитот повторно не се враќа. Според податоци од Народната банка,  до крајот на минататг одина, реструктуирани се само 3,7 проценти од вкупните кредити кои ги издале банките. Во сума тоа е 175 милиони евра. Но процентот и сумата во минатите години биле доста повиоки. Имено за една година реструктуираните кредити се намалиле за околу 22 отсто. Во истовреме банкарите прават и само пролонгирање на кредитите, односно зголемување на рокот за враќање. Такви, според последните податоци се 10,6 отсто од вкупните кредити

ПОМОШ НАВРЕМЕ

Според податоците од Народната банка, ако на крајот на минтата година репрограмираните кредити вредат 175 милиони евра, во 2016 година нивнат авкупна вредност била 224 милиони евра. На крајот на 2015 година кредитите на кои им биле променети условите з авраќање биле вредни 262 милиони евра. Падот е видлив и ги потврдува ставовите на банкарите дека се помалку се одлучуваат да ги менуваат услови на банкарските кредити иако тоа не мора да значи дека се помалку клиенти имаат тешкотии со враќањето. За една година, реструктуираните кредити се намалиле за дури 22 отсто. Познавачите велат дека целта на реструктурирањето е да се променат односно да се олеснат договорните услови во согласност со можностите на клиентот, во период кога клиентот се соочува со финансиски тешкотии. Реструктурирањето треба да доведе до подобрување на отплатата и до ограничување на растот на нефункционалните кредити. Оттука, според експертите е значајно банката навремено да ги воочи финансиските проблеми на клиентот и да изврши реструктурирање на неговите обврски, бидејќи во спротивно реструктурирањето може да не ги даде посакуваните ефекти.


ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ РАТИ

Но и тоа се случува често, па така според податоците, годишната стапка на неналатливост на редовните реструктуирани кредити на крајот на 2017 година изнесува 8,9 проценти. Значи за толку кредити на кои првично им биле олесенети условите, клиентот после повторно не успеал да ги врати ратите.

Иако и тоа не е често, сепак банкарите со поголема волја само ги пролонгираат кредитите. Моментно 10,6 отсто од вкупните кредити на нефинансискиот сектор се пролонгирани.

Од Народната банка велат дека пролонгирањето може да се прави и кога клиентот е во добра финансиска ситуација, односно кај него не е констатирано влошување на можноста за враќање.

Наспроти ова, секоја промена на кредитните услови (вклучително и продолжување на рокот на достасување) на претходно одобрена кредитна изложеност на клиент којшто се соочува со финансиски потешкотии, претставува реструктурирање на кредитната изложеност. Овие изложености вообичаено се сметаат за повеќе ризични и за нив се предвидени и построги критериуми во однос на нивната класификација во соодветна ризична категорија и издвојување соодветен износ на исправка на вредноста. Но, доколку реструктурирањето е извршено навреме, односно доколку навреме се воочени финансиските потешкотии на клиентот, прилагодувањето на кредитните услови на потребите и можностите на клиентот може да доведе до подобрување на отплатата на обврските и ограничување на растот на нефункционалните кредити, велат од Народната банка.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите