Нема излегување за Катица од Шутка ни во следните 30 дена
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019
Катица Јанева која до неодамна беше на чело на институцијата која требаше да гони функционери за висока корупција останува во Шутка.
Ова станува јасно од одлуката на судот кој допрва ќе одлучува за барањето на одбраната да се преиначи одлуката за притвор со понудена гаранција.
Имено, Кривичен одлучил да биде продолжен притворот на Катица за дополнителни 30 дена.
-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.
Фрчковска која како адвокат ја застапува Јанева вели дека се отпаднати основите за определување мерка притвор потенцирајќи дека целта може да се постигне и со друга мерка, не мора со најстрогата по закон.
-Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, кажа Фрчковска.