15 Мај, 2024
0.0263

Нема доволно „iPad mini“ таблети во САД, ги украле на аеродром

Објавено во: Стил 16 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Двајца крадци успеале да го заобиколат обезбедувањето на аеродромот "Џон Кенеди" во Њујорк и да извлечат со дел од пратката со таблети „iPad mini“  на Епл во вредност од вкупно 1.5 милиони долари, информира Њујорк пост. За да го извршат грабежот крадците го позајмиле еден од аеродромските камиони за багаж и со него пленот го однесле во нивниот камион. Крадците успеале да си заминат со околу 3 600 таблети „ iPad mini“ кои биле транспортирани од компанијата „Cargo Airport Services“, нокако што појаснуваат аеродромските власти,  можеле да украдат и повеќе уреди доколку не ги забележал еден од вработените службеници. Крадците сеуште не се заробени , но од полицијата имаат основано сомневање дека во кражбата учествувал и внатрешен човек. Украдените таблети пристигнале од Кина и требало да бидат транспортирани низ целата земја.