19 Октомври, 2019
0.0230

Нема договор за откупната цена на грозјето: Лозарите и винариите не се на иста фреквенција

Објавено во: Агробизнис 16 Август, 2019

Здружението „Напредни лозари“ велат дека нема договор со винариите за откупната цена на грозјето.

Здружението барало 16 денари за килограм „смедеревка“ и 17 денари за килограм „кратошија“, но дека винариите нудат пониски откупни цени на грозјето.

Преработувачите на грозје останале на нивните позиции, кои биле однапред познати, минатогодишните цени,  но со изместени вредности по однос на границата на шеќерните единици под која нема да се откупува грозјето, што всушност значи и намалување на откупната цена на грозјето. 

 Здружението не се согласува со откупната политика на винариите и најавија дека ќе ги користат сите расположливи демократски средства за постигање на целта. Од „Напредни лозари“ соопшуваат дека се можни и протести.


Можеби ќе ве интересира

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството