04 Ноември, 2024
0.0273

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Преку Берзата вчера помина блок трансакција со акциите на Стопанска банка Битола. За познат купувач во еден наврат се продадени 1.687 акции, по цена од 2.450 денари за акција, со што за вкупната зделка е платена сума од 4,1 милиони денари. 

Тоа значи дека вчера некој за овој акционерски пакет на Стопанска банка Битола плати сума нешто повисока од 67 илјади евра. 

Инаку, со оглед што оваа банка има вкупно издадено 390.977 акции, излегува дека вчера е продаден мал акционерски пакет од нецел половина процент, или прецизно 0,43 отсто од вкупниот капитал на банката. 

Засега не се знае ниту кој е купувачот, ниту кој е продавачот на овие акции, а веројатно појасна слика би имало во следниве денови. 

Инаку, на редовното тргување вчера на Берзата била продадена мала количина од акциите на Стопанска банка Битола, односно 20 акции, по цена нешто пониска од онаа по која се реализираше блок трансакцијата, односно по 2.371 денар за акција, што е намалување во однос на претходните денови. 

Како што веќе пишувавме, на 10 ноември дотогашниот претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола, Владимир Ефтимоски, после долги години успешно раководење со банката, поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор, а на негово место за претседател на Управиот одбор е назначена Александара Радевска. 

На крајот на октомври, пак, познатиот бизнисмен Антони Пешев беше именуван за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка БитолаТој беше именуван со мандат од четири години, како независен член на Одборот на директори на банката.

Фактор неодамна објави дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, која неодамна прослави 75 години постоење на македонскиот банкарски пазар, со една од нашите најголеми банки, поточно со Комерцијална банка. 

И двете банки открија дека се размислува за таков чекор, но работите ќе бидат појасни напролет, откако ќе бидат изготвени завршните сметки на двете банки. Доколку дојде до нивно спојување, ќе настане навистина голема банка, чија актива сериозно ќе се доближи до три милијарди евра.

Фактор од свои извори дознава дека идејата за спојување на двете банки и натаму е „жива“ и сериозна, и дека и двете страни не се колебаат околу најавата за нејзина реализација.

Сепак, нашите извори и натаму стојат на ставот дека вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки, на нивните собранија кои ќе се одржат по првиот квартал во 2024 година.

Кон крајот на септември, пак, еден ден откако двете банки објавија ценовно чувствителни информации дека сериозно ја разгледуваат можноста за присоединување, преку Берзата се реализираа две блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола. 

Во првата трансакција беа истргувани акции за близу 300 илјади евра, или прецизно за 296 илјади, додека во втората за 140 илјади евра.

Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, и натаму најголем акционер и единствен кој има акции над пет отсто во Стопанска банка Битола е компанијата „Пелистерка“, со пакет од 16,99 проценти од акциите во банката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ, ЕМ ПАРИ НАЗАД ЗА ТРИ ГОДИНИ, ЕМ КАМАТА - ново државно задолжување на домашниот пазар

БАНКИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ, ЕМ ПАРИ НАЗАД ЗА ТРИ ГОДИНИ, ЕМ КАМАТА - ново државно задолжување на домашниот пазар

РЕКОРД КАКОВ ШТО ДОСЕГА НЕ Е ВИДЕН ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО БАНКАРСТВО - како Комерцијална набилда профит од 72 милиони евра за девет месеци

РЕКОРД КАКОВ ШТО ДОСЕГА НЕ Е ВИДЕН ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО БАНКАРСТВО - како Комерцијална набилда профит од 72 милиони евра за девет месеци

ЕВЕ КАКО СРАБОТЕ НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ - чист профит од над 45 милиони евра, каматите се „златната кокошка“

ЕВЕ КАКО СРАБОТЕ НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ - чист профит од над 45 милиони евра, каматите се „златната кокошка“

ЌЕ СОБИРААТ ПОМАЛКУ ПАРИ ОД ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА – МАПАС воведува новини, ќе има и поголем број вработени, еве ги деталите

ЌЕ СОБИРААТ ПОМАЛКУ ПАРИ ОД ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА – МАПАС воведува новини, ќе има и поголем број вработени, еве ги деталите

ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНИ ГУМИ КОИ СЕ МНОГУ ПОПУЛАРНИ КАЈ НАС: Ако ве фатат со нив, подгответе ги паричниците

ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНИ ГУМИ КОИ СЕ МНОГУ ПОПУЛАРНИ КАЈ НАС: Ако ве фатат со нив, подгответе ги паричниците

БЕЛГРАД НА ВОДА ГО ДРЖИ РЕКОРДОТ: Метар квадратен платен 9.125 евра

БЕЛГРАД НА ВОДА ГО ДРЖИ РЕКОРДОТ: Метар квадратен платен 9.125 евра

Која е добитната комбинација што на НЛБ Банка и донесе 44 милиони евра профит за девет месеци!!!

Која е добитната комбинација што на НЛБ Банка и донесе 44 милиони евра профит за девет месеци!!!

ДЕТАЛЕН СПИСОК НА ПЛАТИТЕ ВО ДУБАИ: Тука е рајот за медицинарите, но не е лошо ни за компјутерџиите

ДЕТАЛЕН СПИСОК НА ПЛАТИТЕ ВО ДУБАИ: Тука е рајот за медицинарите, но не е лошо ни за компјутерџиите

Што значи „дома“? Во нова креативна кампања, Халкбанк ги отвора вратите на македонските домови

Што значи „дома“? Во нова креативна кампања, Халкбанк ги отвора вратите на македонските домови