14 Декември, 2025
0.0470

„Некои земји од ЕУ ги преувеличуваат трошоците за климатската транзиција“: Европскиот суд на ревизори со сериозна забелешка

Објавено во: Свет 12 Септември, 2024 12:21

Добивај вести на Viber

Европската унија ги преувеличува трошоците за проекти за климатски промени, потенцијално вредни милијарди евра, изјавија денеска ревизори на ЕУ. Анализата на Европскиот суд на ревизори покажа дека земјите од ЕУ означиле бројни проекти како „зелени“, и покрај тоа што имаат слаба поврзаност со таа област, објави Ројтерс.

Во таа насока, ревизорите посочија примери на земји кои, меѓу другото, сметаат дека ИТ системите и платите се дел од трошењето според „зелената агенда“.

ЕУ вети дека ќе потроши најмалку 37 проценти од својот фонд за закрепнување од 700 милијарди евра, кој се состои од заеми и грантови, за мерки за климатски промени.

Според проценките на ревизорот, земјите од ЕУ го надминале тој план и до февруари вложиле 275 милијарди евра во инвестиции за остварување зелени цели или 42,5 отсто од досега издвоените средства.

На пример, Хрватска ги оцени ИТ системите за дигитализација на системот за водоснабдување како придонес за климатската транзиција, а Словачка ги рангираше платите на својот персонал, кој управува со фондот за ковид, како погодни за „зелена потрошувачка“.

Ревизорите констатирале дека португалската инвестиција во јавниот транспорт, означена како 100 отсто зелена, не ги вклучувала емисиите што ќе ги произведе реализацијата на проектот, што го отежнува оценувањето на „зелената агенда“, пренесува „Политика.рс“.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск