НЕКОИ ПОЗДРАВУВА, АМА НЕКОИ НЕ ГО ШТЕДЕА - дали се доволни два денари поевтини макарони и денар за јајца, премиерот трпеливо одговараше
Објавено во: Македонија 28 Март, 2023 15:54
Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска заедно со министерот за економија Крешник Бектеши беше во маркет да ги провери цените на јајцата, по владините мерки за нивно замрзнување, мораше да се соочи и со некои непријатни прашања од граѓаните.
Тие сметаат дека ова намалување и замрзнување на цените не е доволно, бидејќи нивниот стандард е низок. Па затоа ова не може да ги реши нивните проблеми кои ги имаат поради ниските примања.
Сепак, премиерот Ковачевски и Бектеши покажаа трпение и одговараа на бројните граѓански прашања.
„Цениве се до плафон. Со два денара поевтини макарони и денар на јајца, тоа не е мерка, дојде тежок живот, не можеме да купиме ни лекарства со тие пари. Кој може да преживее со 12.000 пензија, ве молам“, му се обрати една пензионерка на Ковачевски.
Премиерот одговори дека скапотијата е предизвикана главно од војната во Украина.
„Точно е дека цените тука, но и секаде беа зголемени затоа што се води војна во Украина. Она што направивме прво е ги замрзнавме цените на дел од производите. Вие ги спомнавте макароните, нив ги намаливме за 15 отсто. Млечните производи, кои се најосновни продукти, ги намаливме за 10 отсто. Ги замрзнавме цените на јајцата и на оризот. Таму каде што не можевме да стигнеме до џентлменски договор, како Влада донесовме одлуки“, рече премиерот.
Дел од пензионерите зебележаа дек им се ниски пензиите. Неговиот одговор беше дека со владина интервенција, пензиите биле зголемени.
„Само во март пензиите се зголемија за 8,4 проценти. Ние контактираме на дневна основа со претседателката на Асоцијацијата за здружение на пензионери за да може да ги зголемуваме пензиите и во иднина, затоа и ја направивме методологијата. Кризно време е, но целиот буџет го користиме за такви работи“, рече тој.
Премиерот на фејсбук напиша дека е задоволен што по владините интервенции, се намалиле цените, па граѓаните порелксирано ќе можат да ги дочекаат претстојните празници.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




