НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?
Објавено во: Економија 23 Април, 2024
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК.
Неизвесно е што ќе се случува со војната во Украина и на Блискиот Исток која директно влијае врз цената на нафтата.
Не се знае ниту каква ќе биде жетвата во Русија и Украина и што ќе се случува со производството на жито.
„Но, во овој момент цената на лебот е стабилна и ќе остане иста“, вели Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК).
Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, истакна дека бизнисот и натаму стои зад либералниот концепт, дека секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат конечната цена. Според претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, Законот за забрана на нефер трговски практики и лимитирањето на цените на одредени прехранбени производи се две различни прашања.