НЕГОВИТЕ МАРКЕТИ ПРАВАТ ГОДИШЕН ОБРТ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА - како го стекнал богатството, Тодоровиќ ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор
Објавено во: Економија 12 Април, 2024 11:00
Владимир Тодоровиќ, познат како сопственик на синџирот маркети „Тинекс“, кои беа меѓу првите модерни и достапни маркети за граѓаните и своевиден симбол на приватната иницијатива во земјава, а сега нивната бројка достигнува 40, не се имаше појавено во јавноста речиси 11 до 12 години.
Порталот Фактор преку својот подкаст „Бизнис муабети“ со познатиот водител Мишко Иванов, за Вас почитувани читатели, обезбедува разговор со овој познат бизнисмен, кој своевремено се испроба и во политиката, како градоначалник на најпрестижната скопска општина Центар.
Иванов го прашува Тодоровиќ за неговите почетоци во професионалниот живот, кога своевремено работел како градежен инжинер, за богатството, како го стекнал, за тоа дали има милијардери во Македонија, како и серија други интересни прашања околу неговиот професионален, но и личен живот.
„Колку пари се вртат на дневно или на месечно ниво во вашата компанија“, прашува новинарот Мишко Иванов.
„Ќе згрешам, бидејќи јас веќе оперативно не сум толку вклучен и не ги знам точно бројките. Ако прометот е околу 100 милиони евра на годишно ниво, не знам колку би било дневно или годишно. Овде се мисли на сите 40 маркети на ‚Тинекс'“, вели Тодоровиќ.
Дали кога ќе се стигне до заработувачка од еден милион евра, станува полесно, прашува Иванов.
„Кога ме прашуваат дали јас треба да имам 20 маркети, или 50 или 100, јас одговарам дека никогаш немам поставено праг колку маркети би требало да имам. Не поради тоа што тоа би требало да има лимит, туку дека пазарот е таков, каде што се борите за егзистенција“, одговара Тодровиќ.
На прашањето дали има милијардери во Македонија, Тодоровиќ вели дека во тоа не верува.
Целиот подкаст можете да го погледнете тука, не пропуштајте.
Можеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




