06 Мај, 2024
0.0253

НЕДОВОЛНА ДА СЕ ИСТУРКА МЕСЕЦОТ: Просечна плата само за кредити и храна

Објавено во: Економија 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани со две плати имаат само за преживување. Со нето просечна плата од 22.187 денари може да си дозволиме да ги платиме сметките и кредити во банка и да го наполниме колку толку фрижидерот.

Статистика покажа срамен раст од 0.7% на просечната плата во јуни годинава споредбено со јуни минатата година. Во однос на мај пак ДЗС бележи од од 0,6%.

Раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во има во секторите: Градежништво (10.6%), Административни и помошни услужни дејности (6.3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%).

Пад на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.7%) и Стручни, научни и технички дејности (3.4%).

1.6% од граѓаните во јуни останале без плата.

Просечниот износ на плата недоволен да се преживее месецот

Една просечна плата не е доволна за едно семејство да го протурка месецот. Според минималната синдикална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на просечно домаќинство му се потребни 32.325 денари. Оваа пресметка се однесува на февруари годинава, оттогаш ССМ ги нема обновено податоците.

Најголем дел од овие пари 13.427 денари или 41.5% одат за храна и пијалаци. За трошоци за домување биле потребни 10.464 денари или 32.5%, за хигиена 2.254 денари или 7%, за превоз 2.340 денари или 7%, за облека и обувки 2.086 или 6.5%, за култура останувале 1.070 денари или 3.5%, а за здравство 684 денари или 2%.

Колку се платите во регионот и Европа и каде е Македонија?

Во регионот Македонија е меѓу земјите со најниски плати.

Просечната плата во нашата земја е 358 евра (заклучно со последниот податок од Статистика), во Србија 375, БИХ 424, Црна Гора 488, Хрватска 752 и Словенија 1022 евра. Според податоци од 2015 година, во Албанија просечната плата е 357 евра, а во Косово според податоците од 2013 година просечната плата изнесува 364 евра. Овие податоци се од Државните заводи за статистика во земјите од регионот.

Во Европа по региони, платите се разликуваат. Во најповолна позиција се Западна Европа и Скандинавија каде месечните примања се над 2.000 евра. На врвот е Лихтенштајн каде износот е 5.314 евра. Во Швајцарија просекот е 3.994 евра, во Монако 3.436, Норвешка 3.212, Луксембург 3.149 евра.

Во Полска се заработува по 756 евра, Германија 2225, Франција 2.180, Шпанија 1734, Португалија 1001, Италија 1560, Унгарија 560, Литванија 585, Латвија 664, Естонија 903, Романија 457, Бугарија 376, Грција 1069 евра.

Сликата е различна во Источна Европа. Во Украина просечно граѓаните заработуваат 130 евра. Во Азарбејџан платите се 242 евра во просек, Казахстан 257 и Белорусија 272 евра.

Граѓаните кои живеат од плата се посиромашни за разлика од пред пет години

Статистиката покажува дека денес со просечна плата може да се купи помалку во споредба со 2010 година. Според податоците за просечната нето плата во државата, кои секој месец ги објавува Државниот завод за статистика, во декември 2010 година таа изнесувала 21.454 денари. Пет години подоцна или во декември 2015 година просечната плата во државата е на нивото од 22.715 денари. Тоа значи дека за пет години месечната заработувачка на просечниот Македонец пораснала за 1.261 денар или во поразбирлива валута, за 20 евра. Во истиот период (декември 2010 – декември 2015) минималната потрошувачка кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија, се зголемила од 29.199 денари на 32.233 денари односно за точно 3.034 денари или во поразбирлива валута, за 50 евра. Што значи ова? Доколку во едно четиричлено семејство се вработени и таткото и мајката, при што и двајцата земаат просечна плата, тоа семејство на месечно ниво има 10 евра или околу 600 денари помалку за трошење за разлика од пред пет години. Можеби оваа бројка нема да Ве помести од фотељата ама имајте предвид дека ова се случува во период кога Владата се фали со една од највисоките стапки на економски раст во Европа, која очигледно не го здебелува паричникот во џебот на граѓанинот. Ниту еден децибел од громогласно извикуваниот економски успех на владината пропаганда не стигнува до „ушите“ на домашниот буџет на просечниот граѓанин.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?