14 Декември, 2025
0.0297

НЕДОСТИГААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕЖИНАТА НА КЛИНИЧКАТА СЛИКА СО ДЕЛТА СОЈОТ: Затоа е најважна вакцинацијата, попрача Филипче

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2021 12:49

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска беше во посета на болницата „Свети Еразмо во Охрид, изјави дека засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите, иако, како што нагласи во однос на ова ќе разговара неделава со членовите на Комисијата за заразни болести. Посебно нагласи дека акцентот во македонија е ставен на вакциналниот процес, пред се поради тоа што нема информации за тежината на клиничката слика кај заразените со делта сојот.

-Тоа што се уште не се знае, а чекаме да излезат публикации, последните се во некои британски списанија, поради фактот што таму најмногу имаше случаи, се информациите коишто ни требаат во врска со тежината на клиничката слика на пациентите, односно да видиме како се однесува овој вирус кај луѓето  коишто се или кои не се вакцинирани. И затоа акцент ставаме на вакцинацијата, важно е што поголем број луѓе да се вакцинираат, бидејќи по оваа мутација може да се појави некоја друга, рече министерот. Претежно ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, има пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки којашто навистина ќе биде ефикасни. И во однос на препораките внатре, функционирањето на отворено-затворено, затоа се протоколите со граничувања. Затоа сметаме дека на овој начин полека го вараќаме животот во нормала. Во овој момент ситуацијата е мирна и затоа нема потреба да се преепорачаат некакви рестриктивни мерки, изјави министерот Филипче од Охрид.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?